Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 105 (The sign on the door 5)
105. Знакот на вратата 5
Утрото комбето застана пред куќата.
Момче: „Мамо, доаѓаат“.
Мајката: „Можеш ли да го понесеш твојот кафез со птици?“
Момче: „Хави, дали слушна – се селиме (звук на црцорење на птица)! Дали ти е мило? Јас сум веќе многу возбуден“.
А кај возрасните стресот не поминуваше.
А како било тогаш, во минатото, кога требало да се пресели не само едно семејство, туку цел народ?
Тие многу долго сакале да заминат од Египет и да се ослободат од ропството. Но фараонот не ги пуштал да заминат и ги принудил да останат. Требало да работат многу напорно. Дење и ноќе го повикувале Бог да ја задоволи нивната потреба. Бог направил многу чуда, но фараонот останал со кораво срце. Бог ја повторил задачата за Мојсеј.
Бог: „Мојсеј, оди кај фараонот. Вечерва ќе поминам низ египетската земја и во секое семејство најстариот син ќе умре“.
Вечерта едно израелско момче гледало како татко му заклал јагне.
Јошуа: „Зошто треба да умре јагнето?“
Таткото: „За да може ти да живееш, Јошуа. Бог го бара тоа“.
Таткото зел малку од крвта на јагнето и ги испрскал довратниците на куќата. Лево, десно, на врвот.
Таткото: „Крвта е знак. Бог вечерва ќе помине покрај нашата куќа и кога ќе ја види крвта ќе нè заштити“.
Јошуа: „Жал ми е за јагнето, но ќе ми го спаси животот“.
Сите израелски семејства ги попрскале довратниците со крв од јагне.
Таткото: „Јошуа, дојди сега внатре, веќе е темно. Облечи се. Треба да бидеме подготвени“.
Јаделе стоејќи. Околу полноќ слушнале силни извици. Во секое египетско семејство најстариот син умрел.
Фараонот: „Заминете од Египет колку што можете побрзо. Заминете со сè што ви припаѓа. ЗАМИНЕТЕ СЕГА!“
Повеќе од милион мажи, жени и деца биле подготвени и заминале од Египет ноќта.
Јошуа бил жив. Татко му го фатил за раката. Знакот на довратниците ги заштитил и им ги спасил животите.
Бог сака да заштитува. Тој сака живот, а не смрт.
Господ Исус висел ранет на крстот, а потоа умрел. Неговата крв била знакот дека Бог сака да нè спаси од вечна смрт. Ова го рекол Исус: „Кој верува во Мене, и да умре, ќе живее“ (Јован 11:25).
Улоги: Раскажувач, момче, мајката, Бог, Јошуа, фараонот, таткото.
© Copyright: CEF Germany