STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 005 (God loves you)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

5. Бог те сака


Здраво! Прекрасно е што слушаш! Добредојде!

Дали си тажен или среќен денеска? Дали се чувствуваш осамен или исплашен? Дали си здрав или болен?

Јас не знам како си, но сакам да ти кажам нешто прекрасно: Бог те сака! Тој те сака таков каков што си! Кога живиот Бог ги создал небото и земјата, Тој веќе размислувал за тебе и се радувал уште пред да се родиш.

(Вметнете песна за Божјата љубов, или,пак, момче или девојче нека прочита гласно со музика во заднината.)

Песна:

Исус децата ги сака, сите деца во овој свет!
Црни, бели, црвени,
жолти или дамчести!
Исус децата ги сака во сиот свет!

Исус, Тој умре за сите, сите деца во овој свет!
Црни, бели, црвени,
жолти или дамчести!
Тој умре за сите луѓе во овој свет!

Бог ја сака секоја личност во светот – возрасни и деца. Затоа Тој има прекрасен подарок за секого. За тоа во Библијата пишува:

„Зашто Бог толку го возљуби светот што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).

Божјата љубов е голема. Тој го испрати Својот Син на земјата за да умре за нашите гревови. Исус беше погребан, но по три дена, Бог Го воскресна од мртвите. И сега Tој те кани да веруваш во Господ Исус Христос како твој Спасител и Господ.

Божјиот глас: „Со вечна љубов те засакав; и затоа останав милостив кон тебе“ (Еремија 31:3).

Дали ќе ја прифатиш Божјата покана? Ќе бидеш радосен и нема потреба да се плашиш повеќе. Бог секогаш е со тебе. Неговата љубов никогаш не престанува. Дали твоите пријатели го знаат тоа? Кажи им дека Бог ги сака и нив.


Улоги: Раскажувач, Божјиот глас.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on October 09, 2021, at 09:15 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.2.140)