Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 121 (Tracks in the snow 5)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

121. Трагите во снегот 5


Анет читаше книга. Но воопшто не можеше да се сосредоточи.

Анет: „Бабо, ќе одам да си легнам. Добра ноќ“.

Но не отиде во нејзината соба; наместо тоа, излезе надвор и прошета низ длабокиот снег. Веќе беше далеку од куќата кога се слизна и ја шина ногата така што повеќе не можеше да оди.

Анет (плачејќи): „Што да правам сега? Ќе смрзнам додека некој ме најде“.

Седеше на снегот и плачеше. Ѕвездите блескаа на небото. Анет погледна нагоре. Дали Бог ќе ја спаси, иако беше толку злобна кон Лука?

Потоа слушна лизгање на скии.

Анет: „Помош! Помош! Лука, дали си тоа ти? Те молам помогни ми. Ја шинав ногата“.

Лука: „Ќе земам санка. Еве, земи ја мојата виндјакна додека се вратам“.

Кога повторно беше сама се молеше со целото срце.

Анет: „Мил Господе Исусе, грешна сум и потребен си ми. Те молам прости ми ги сите мои гревови. Сакам да бидам твое дете – и не само затоа што сега сум во неволја. Амин“.

Лука се врати со санка и ќебиња.

Анет: „Лука, треба да ти кажам нешто. Јас бев таа што ти го уништи понито. Исус ми прости. Те молам прости ми и ти. Не те мразам повеќе“.

Лука: „Помислив дека си ти. Благодарам што ми кажа. Ти простувам“.

Анет беше безбедна дома, а Лука се молеше покрај вратата.

Лука: „Господе Исусе, Те молам дај ми идеја како да ѝ докажам на Анет дека ми е жал за несреќата на Дени“.

Тогаш се сети на лекарот во градот. Дали може да направи ногата на Дени да биде како порано? Среде ноќ и среде снежна бура, Лука ризикуваше со скии да отиде до градот. Преморен пристигна безбедно, иако да се направи тоа беше ризична работа. Но неговата постапка вредеше. Лекарот сакаше да помогне. Дени мораше да остане во болницата долго време, но кога се врати дома донесе многу голема радост. Повторно можеше да оди! Лука беше поканет да дојде. Блескаше од радост кога го виде Дени како оди без патерици.

Лекарот: „Дени, треба да му се заблагодариш на Лука. Си го ризикуваше животот кога дојде да ме види“.

Лука: „Не го направив тоа сам. Исус ми даде идеја и ми помогна да ја остварам“.

А неговиот стар пријател на планината плати за сè. Но тоа остана тајна на Лука.


Улоги: Раскажувач, Анет, Лука, лекарот.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:58 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)