STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 130 (God is love)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

130. Бог е љубов


Девојче: „Ками но ај каикоши“.

Момче: „Его да славит; Бог ест љубов“.

Девојче: „Језус севгидир север бени“.

Не грижи се, добро слушаш! Добредојде во нашето мини-училиште за јазици.

Придружи ни се! За три минути можеш да ја научиш најважната реченица во светот на други јазици.

А која е најважната реченица? Со задоволство ќе ти го кажам одговорот:

Бог е љубов, те сака и тебе!

Замисли! Големиот, семоќен Бог, кој ги создаде небото и земјата, те сака! Можеш да кажеш дека Тој го прави тоа затоа што Го испрати Својот Единствен Син на земјата, за да може да ја плати казната за твојот грев и да умре наместо тебе.

Го направи тоа за да можеш да имаш врска со Него и на земјата и на небото.

Божјата љубов е толку голема. Никогаш не завршува.

Затоа можеш да кажеш: Бог е љубов, те сака и тебе!

На еден африкански јазик тоа звучи вака: Хатала синта, то тото домини. Хатала синта, тау тен јанг конг.

Песна: „Хатала синта, то тото домини...“ (wav-фајлот е прикачен)

Сакаш ли да ја научиш најважната реченица во светот и на германски јазик?

Гот ист ди либе, лест мих ерлесен. Гот ист ти либе, ер либт аус мих.

Песна: „Гот ист ди либе...“ (wav-фајлот е прикачен)

Тоа е вистина. Во Библијата пишува:

„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16).

Бог те сака толку многу – тоа е вистина! И затоа можеш да го ставиш твоето име во овој стих, како што направи Томи.

Томи: „Зашто Бог толку го возљуби Томи, што Го даде Својот Единороден Син, та, ако Томи верува во Него, Томи нема да загине, туку ќе има вечен живот“.

Бог го сака секое дете. Независно од тоа каков јазик зборува, или каква боја на кожата има. Дали твоите пријатели и соученици веќе го знаат ова? Кажи им!

И покани ги да учат во училиштето за мини-јазици.

Сега можеш да ја слушнеш реченицата на турски јазик:

Алах севгидир курдаричимдир, Алах севгидир, север бени.

Песна: „Алах севгидир курдаричимдир...“ (wav-фајлот е прикачен)

Запомни дека Бог е љубов и те сака и тебе! Дали сакаш да знаеш повеќе за Богот на љубовта? Тогаш пиши ми.


Улоги: Раскажувач, девојче, момче, Томи.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:00 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)