STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 129 (Shabola from South Africa)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

129. Шабола од Јужна Африка


(звук на удирање со чекан)

Таткото: „Шабола, многу добро го направи тоа“.

Шабола: „Се обложувам дека од тоа ќе ме болат мускулите. Оф! Оф! Тоа беше мојата нога“.

Таткото: „Не можеш да го држиш чеканот повеќе. Одмори се па ќе продолжиш да удираш врз земјата за да ја набиеш“.

Шабола седна под сенката. Во далечината слушна крик на мајмун. Татко му продолжи да ги гради колибите во џунглата во Јужна Африка. Дали ќе бидат убави како оние во мисионерското училиште во селото?

Таткото: „Шабола, продолжи да работиш“.

Му беше интересно да му помага на татко му, но повеќе сакаше да оди во училиште.

Следното утро, откога го изеде појадокот од пченкарно брашно и путер од кикиритки, замина на училиште. Му се допаѓаше Умфундис, зимбабвеско име за „учител“. Сите деца ја сакаа. Шабола најмногу го сакаше часот по религија. Таму младото момче со црна кадрава коса слушаше многу внимателно.

Наставничката: „Една мала дива овца избега и се изгуби. Овчарот го остави стадото само и тргна да ја бара изгубената овца додека не ја најде. Ја извади од трњето и на раце ја однесе дома. Господ Исус е Добриот Пастир. Дојде од небото на земјата со цел да ги бара оние кои се изгубени“.

Шабола: „Умфундис, и јас сум изгубена овца. Дали Исус и мене ме бара?“

Наставничката: „Да, те бара и тебе затоа што те сака. Можеш да Му кажеш кога ќе сакаш да Му припаѓаш“.

Еден ден Шабола недостасуваше во класот. Сакаше да стане од креветот тоа утро, но имаше треска и вртоглавица.

Мајката: „Шабола, имаш висока температура. Ќе одам да го викнам врачот“.

Шабола (со тивок глас): „Тој не може да ми помогне“.

Шабола беше многу болен и тешко можеше да зборува. Во неделата го посети наставничката.

Наставничката: „Шабола, многу си болен. Подготвен ли си да умреш, ако е време?“

Шабола: „Господ Исус е мојот Добар Пастир. Набрзо ќе ме земе на небото“.

Шабола ги затвори очите и повеќе не ги отвори.

На неговиот погреб Умфундис ја раскажа приказната за Добриот Пастир.

Одеднаш татко му клекна покрај малиот ковчег и се помоли.

Таткото: „Господе Исусе, сега Шабола е со Тебе. Таму му е прекрасно. И јас сакам да ти припаѓам. Прости ми ги гревовите и биди мој Добар Пастир. Амин. Умфундис, веќе не сум толку тажен затоа што знам дека еден ден на небото повторно ќе го видам Шабола“.


Улоги: Раскажувач, таткото, мајката, Шабола, наставничката.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:00 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)