STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 123 (The runaway)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

123. Бегалецот


Онисим трчал по тесната патека, се сопкал на камењата и ги гребел нозете на трнливите грмушки.

Онисим (задишан): „Морам да се извлечам. Преку глава ми е. Немам желба да работам секој ден. Ќе почнам нов живот. Многу далеку. Но треба да бидам внимателен да не ме фатат“.

Робовите кои бегале биле свирепо казнувани. Или некаде на телото добивале знаци со железо за жигосување, или станувале храна на диви животни. Таа мисла го натерала Онисим да трча уште побрзо.

Неговото име значи „корисен“. Дали ова име е соодветно за некој што украл, а потоа избегал?

Тој сонувал за нов живот во далечна земја. Сакал да се скрие во Рим. Но кој би помислил дека во тој голем град Онисим ќе се сретне со, неверојатно, но вистинито, со пријател на неговиот господар?

Павле: „Види, види, значи ти избега“.

Онисим: „Сакам нешто од животот и не сакам да бидам само роб“.

Павле: „И? Дали сега си среќен во новиот живот?“

Онисим: „Всушност, замислував дека ќе биде многу поразлично. Камо да не избегав. А овде е и проблемот со парите... Кога ќе помислам и не ми беше многу лошо и порано“.

Павле: „Онисим, ти бараше нов живот на погрешно место“.

Таму, во Рим, Онисим разбрал дека само во Исус може да најде нов живот. Зашто Тој ни го простува гревот и нè прави нови. Дали и ти посакуваш да можеш да почнеш одново? Исус ќе ти даде нов живот. Тој му го дава на секого кој го признава својот грев и верува во Него.

Онисим го примил тој нов живот. Но што било следниот чекор?

Павле: „Најдоброто нешто што треба да го направиш е да се вратиш кај Филемон, твојот господар“.

Онисим: „Да се вратам таму?“

Павле: „Не грижи се. Ќе напишам писмо за тебе да му го дадеш. Тој ми е пријател. Тој го сака Исус и доброволно ќе те врати назад“.

И навистина, Онисим се вратил назад.

Филемон: „Повторно си овде. Насекаде те баравме“.

Онисим: „Ти го донесов ова писмо“.

Павле: „Драг Филемон, го испраќам Онисим назад. Почна нов живот со Исус. Ако те оштетил на каков било начин, јас ќе ја платам цената и ќе ги средам работите“.

Онисим бил топло прифатен и со задоволство останал со Филемон. Преку Исус тој имал нов живот на старото место.


Улоги: Раскажувач, Онисим, Павле, Филемон.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 05, 2021, at 01:31 PM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)