Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 124 (The best counselor 1)
124. Најдобриот советник 1
Подготовките за државничката посета биле во полн ек. (звук на музика) Се вееле знамиња и се сервирала вкусна храна. Приемот за царот Јосафат од Израел на југот бил величествен. Дали тој почувствувал дека зад поканата има скриена намера? Царот Ахав решил да каже сè отворено.
Ахав: „Царе Јосафат, веќе не го поседувам Рамот. Тоа ме вознемирува. Може ли да ми помогнеш да го освојам градот?“
Јосафат: „Се разбира. Може да сметаш на моите војници. Но нели треба прво да Го прашаме Бог за Неговиот совет? Сакам да го правам само тоа што Тој го сака“.
Секогаш е добро да се донесуваат решенија со Бог. Земи го царот Јосафат за твој пример. Верувам дека тоа била неговата тајна за успешен живот. Сите го сакале Јосафат. Имал многу војници. Никој од неговите непријатели не се осмелувал да го нападне. Добивал подароци од многу места.
Бог му бил советник на Јосафат. Тој Го прашувал Бог за совет за секое решение.
Царот Ахав бил многу поразличен. Тој предлог воопшто не му се допаднал.
Тоа може да се случи и во твоето друштво, ако им предложиш на другите да го слушаат Бог. Најдоброто што можеш да го направиш е да не се согласиш со таквите како царот Ахав.
Ахав: „Мораме ли да го направиме тоа? Оф, добро, слуга, викни ги пророците!“ (звук на чекори)
Ахав: „Дали треба да го нападнам градот Рамот или не?“
Пророк: „Нападни го! Сигурно ќе победиш“.
Царот Ахав бил задоволен. Но не и царот Јосафат. Тој го познавал Божјиот глас, а тој не бил тоа. Тие 400 пророци биле лажговци – лажговци кои му го кажувале на Ахав тоа што сакал да го слушне, затоа што биле наградени за тоа.
Јосафат: „Зар нема некој друг пророк што можеме да го прашаме?“
Ахав: „Има уште еден, но го мразам. Тој секогаш претскажува несреќа“.
Јосафат: „Донесете го овде“.
Го донесле Михеј. Вистински Божји гласник кој понекогаш сакал да се шегува.
Ахав: „Михеј, треба ли да го нападнам Рамот?“
Михеј: „Се разбира. Ќе го победиш непријателот“.
Ахав (вознемирен): „Треба да ја кажеш вистината. Што ти кажа Бог?“
Дали навистина сакал да го слушне Божјиот совет? Можеби, ќе го ислуша, но сигурно нема да го послуша.
Михеј станал сериозен.
Михеј: „Бог ми покажа дека твоите војници набрзо ќе бидат како овци без овчар. Царе Ахав, твојата војска ќе се врати дома без тебе“.
Ахав (гневно): „Дали го слушнавте сето ова? Ми ја изрече смртната казна. Затворете го! Веднаш!“
Во следната драма ќе слушнеш што се случило. Ќе продолжиш ли да слушаш?
Улоги: Раскажувач, Јосафат, Ахав, Михеј, пророкот.
© Copyright: CEF Germany