STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 083 (Daniel‘s test 1)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

83. Испитот на Даниел 1


Големиот цар Навуходоносор го опсадил градот Ерусалим и го освоил. Состојбата на Евреите била безнадежна.

Бог дозволил царот Јоаким да биде заробен. Тој обожавал лажни богови кои тогаш не можеле да му помогнат. Непријателот ја ограбил ризницата на градот, па дури и украл од Храмот.

Цар Навуходоносор: „Ашпеназ, сакам да ми служат млади Израелци. Земи ги најсилните и најпаметните. Млади, убави мажи“.

Затворениците поминале над 1000 километри. Даниел и пријателите биле меѓу нив.

Конечно пристигнале во големиот град Вавилон. Што ќе ги снајде во царската палата? Морале да ја почитуваат секоја заповед. И немале никакви права. Но Даниел и пријателите биле цврсто решени да Му останат верни на Бог.

Дали тоа е и твое убедување? Дали си Му секогаш верен на Бог во училиштето и дома? Со пријателите и на фудбалскиот терен? Вреди да Му се верува на Бог!

Даниел и пријателите набрзо се соочиле со првиот тест. Царот заповедал затворениците да се поучуваат три години. Требало да го научат вавилонскиот јазик, како и да изучуваат многу други предмети. Од царската трпеза требало да јадат сè што било ставено пред нив.

Даниел: „Ананија, невозможно е да ја јадеме оваа храна, бидејќи не е според Божјите правила за исхрана“.

Ананија: „Дали мислиш дека може да добиеме нешто друго за јадење?“

Даниел: „Се извинувам, но не можеме да јадеме храна од царската трпеза“.

Ашпеназ: „Царот го заповеда тоа за вас. Ако направам исклучок за вас и изгледате полошо од другите, царот ќе ми ја отсече главата“.

Даниел: „Те молам дозволи ни да пробаме десет дена. Дај ни зеленчуци да јадеме и вода да пиеме и тогаш спореди нè со другите и реши дали треба да продолжиме или не“.

Надзорникот се согласил. А во Библијата вака се опишува резултатот:
„Кога завршија деновите, Даниел и пријателите изгледале подобро од сите други“.

Па надзорникот им дозволил да продолжат да јадат зеленчуци и да пијат вода.

Даниел останал силен. Му бил верен на Бог и бил награден за тоа. По три години, царот ги тестирал затворениците. И се случило така Даниел и пријателите да бидат најдобри од сите!

Царот Навуходоносор: „Овие млади мажи се десетпати попаметни од сите учители во моето царство. Сакам да ми служат“.

Но набрзо по ова, животите им биле во опасност.

Ќе ви раскажам за тоа во следната драма.


Улоги: Раскажувач, Навуходоносор, Даниел, Ананија, Ашпеназ.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 01, 2021, at 02:27 PM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)