STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 084 (The mysterious dream 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

84. Таинствениот сон 2


Царот Навуходоносор не можел да заспие. Загрижен се тркалал од една на друга страна. Тогаш повикал еден од слугите. (звук на ѕвонче)

Слугата: „О, царе, жив да си довека. Што можам да направам за тебе?“

Царот: „Веднаш повикај ги моите советници и маѓепсници“.

(звук од многу гласови, луѓе кои одат, потоа е тивко)

Царот: „Сонував сон што многу ме мачи. Кажете ми што значи сонот“.

Маѓепсниците: „Раскажи им го сонот на твоите слуги, а потоа ние ќе ти кажеме што значи“.

Царот: „Не, вие треба да ми го кажете сонот. Ви заповедам! Ако ми го кажете сонот, ќе ве наградам. Ако не, тогаш ќе ве убијам“.

Маѓепсниците: „Царот нека им го каже сонот на неговите слуги, па тогаш ќе можеме да ти кажеме што значи“.

Царот: „Не барајте изговори! Вие сакате да се пазарите само за време“.

Маѓепсниците: „Ние можеме да толкуваме сонови, но нема човек на земјата кој може да ти каже што беше твојот сон. Тоа што го бараш е невозможно“.

Царот се разгневил: „Ќе ве убијам сите!“

Дури и Даниел и пријателите биле погодени од тоа. Но Даниел не се плашел. Кога ја слушнал причината за таа ужасна заповед, отишол во куќата и им кажал на пријателите.

Даниел: „Треба да се молиме. Нашиот Бог знае сè. Може да ми го каже значењето на мистериозниот сон“.

Бог бил единствениот кој можел да помогне. И Тој го направил тоа. Во текот на ноќта Бог му го открил сонот на Даниел.

Даниел: „Ти си прекрасен Бог. Ти благодарам! Ги знаеш сите нешта. Ти одговори на нашите молитви“.

Даниел побарал да биде однесен кај царот.

Царот: „Можеш ли навистина да ми го кажеш значењето на сонот?“

Даниел: „Ниту еден човек не може да го направи тоа што го бара царот. Но живиот Бог може да ги открие сите тајни. Тој ти кажува во сонот што ќе се случи во иднина. Царот сонувал голема статуа. Изгледала величествено. Главата била направена од чисто злато. Тоа го претставува твоето царство. Најголемо е и најсилно од сите. Но царствата што ќе дојдат по тебе ќе бидат сè помали. Конечно, царството ќе биде разделено. Но истовремено, Бог ќе го изгради Неговото царство. Божјото царство ќе остане засекогаш. Тоа е вечно. Твојот сон е вистина“.

Царот: „Твојот Бог е Цар на царовите!“

Царот бил импресиониран од толкувањето на сонот. Го направил Даниел многу богат и го опсипал со подароци.

А што направил натаму, може да слушнете во следната драма.


Улоги: Раскажувач, Навуходоносор, маѓепсниците, Даниел, слугата.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:51 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)