Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 068 (The showdown 1)
68. Соочувањето 1
Двајца Ескими седеа на санката добро облечени. Камшикот пукаше, а кучињата трчаа по замрзнатиот глечер. Одеднаш Коли слушна нешто.
И врачот Купа слушна: од мразот се слушаше тивко крцкање, како ѕвонење.
Некој свирна и кучињата престанаа да трчаат. Ескимите ги симнаа крзнените капи. Немаше сомневање – мразот „пееше“. Кај нив се зголеми стравот. Зашто, кога мразот „пее“, тоа значи дека ќе дојдат подводни бранови – силни бранови кои одеднаш доаѓаат со голема моќ и го распукуваат и најдебелото парче мраз.
(звук на камшикување)
Коли: „Брзајте добри кучиња! Трчајте брзо кон брегот. Доаѓаат силни бранови. Ќе умреме“.
Купа: „Коли, ја гледаш ли таа санка таму?“
Коли: „Луди ли се? Тие одат кон брановите“.
Купа: „Треба да ги предупредиме“.
Но кога двете санки се разминуваа и Купа ги виде во другата санка мисионерите од градот Ескимо, не ги предупреди. Ги мразеше и нив и нивниот Исус за Кого секогаш зборуваа.
Купа и Коли пристигнаа до безбедниот брег на Наин.
Купа: „Тоа помина добро“.
Коли: „А другите?“
Купа: „Тие треба да умрат. Сега нивниот Исус може да ни покаже дали е помоќен од силните бранови. Ха-ха-ха“.
Двајцата мажи изградија иглу. Потоа Купа отиде во малата продавница за да продаде убава кожа од фока. Дали белата жена која работи таму е сопруга на мисионерот?
Купа: „Сакам да ја заменам оваа кожа за оружјето таму“.
Жената: „Не знам дали ни треба уште кожи. Може ли да почекаш малку додека се врати мојот сопруг?“
Купа: „Тој нема да се врати“.
Жената: „Што сакаш да кажеш со тоа?“
Купа: „Доаѓаат многу силни бранови“.
Жената: „СИЛНИ бранови???“
Жената вчудовидена гледаше во него. Врачот го отвори прозорецот и двајцата слушнаа – мразот „пееше“.
Жената: „Купа, зошто не го предупреди?“
Купа: „Зошто да го предупредам? Нека му помогне неговиот Исус, ако може“.
Жената беше вознемирена. Потоа го погледна стихот од Библијата што беше закачен на ѕидот. Исус рече: „Ја имам сета власт на небото и на земјата”.
Жената: „Исус може! Никогаш, никогаш не изгубил двобој“.
Купа: „Тогаш нека почне борбата. Ако се вратат и покрај силните бранови, тогаш и јас ќе поверувам во Исус“.
Жената: „Ќе се вратат, Купа. Го знам тоа“.
Нејзината увереност го направи врачот неуверен. Кој ќе победи во двобојот? Купа или Исус? Ќе го добиете одговорот во следната драма.
Улоги: Раскажувач, Купа, Коли, жената.
© Copyright: CEF Germany