STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 045 (The catastrophe 4)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

45. Катастрофата 4


Бурата пустошеше на Хаити. Во оваа сиромашна земја ужасните бури често ја уништуваат жетвата. Врачот Орестил тешко дишеше додека се искачуваше на планината при дождот и темнината. Молња ја осветли темнината. Тој го препозна Виктор на карпата.

Орестил: „Ќе го убијам. Тој е виновен за сè затоа што секогаш зборува за Исус. Духовите нѐ казнуваат со оваа бура. Ќе го убијам и сите ќе мислат дека паднал од карпата“.

Со мисли за убиство во главата, Орестил продолжи да се искачува. Но одеднаш падна во голема дупка и ја шина ногата. Не можеше да продолжи.

Орестил: „Помош! Помош!“

И покрај грмежите, Виктор ги слушна неговите повици за помош. Тој не знаеше зошто го следи врачот.

Орестил: „Помогни ми. Сакав да ја посетам мојата постара ќерка која живее на планината“.

Орестил беше голем лажго. Но, Виктор сепак му помогна. Внимателно го однесе ранетиот човек до една колиба која ги заштити од дождот. Тогаш слушнаа бучава која како да доаѓаше од длабочината. Не беше грмеж. И не запираше туку стануваше сѐ погласна. Планината се тресеше. Огромни карпи се урнаа во долината и го затрупаа селото. Орестил беше вчудовиден.

Орестил: „Мојата жена, мојата Ти-Фам! Мораме да им помогнеме!“

Виктор: „Орестил, зошто не ме послуша? Те предупредив за лизгавото земјиште! Ти си виновен, ако умрат твојата сопруга и ќерка ти“.

Мачно и со помош на Виктор, Орестил се довлечка до местото каде што порано беше неговата куќа. Со сите сили почна да копа во калта. Потоа застана.

Орестил: „Мојата сопруга е мртва. Но види таму – нешто мрда! Ти-Фам!“

Ја ослободи ќерка му од урнатините и ја прегрна.

Орестил: „Ти-Фам, мојата Ти-Фам!“

Виктор: „Господе Исусе, помогни ни. Испрати ни мисионери со храна и лекови“.

Исус одговори на молитвата на Виктор. За кратко време пристигна помош и Ти-Фам беше пренесена со хеликоптер во мисионерската болница.

Ќе слушнеш што се случило со неа таму, ако ја слушаш следната драма.


Улоги: Раскажувач, Орестил, Виктор.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:42 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)