STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 044 (The witch doctor rants 3)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

44. Врачот беснее 3


Ти-Фам: „Мамо, почна да врне“.

Мајката: „Тоа е прекрасно, Ти-Фам, затоа што ќе го измие правот“.

Ти-Фам: „Го немаме видено Виктор. Дали е мртов?“

Мајката: „Не верувам“.

Ти-Фам: „Но тато рече дека злите духови ќе го убијат бидејќи секогаш зборува за Исус“.

Мајката: „Јас верувам дека Бог е посилен. Уф, мојата нога“.

Мајка ѝ на Ти-Фам се слизна и ја повреди ногата. Како сега ќе се врати дома? При поројниот дожд, пристигнаа до мисионерската куќа и тропнаа на вратата. И кој отвори? Виктор! Тој беше жив.

Виктор: „Влезете. Можете да се исушите покрај огнот“.

Додека се грижеа за стапалото на мајка ѝ, Ти-Фам избувна.

Ти-Фам: „Ти ќе умреш. Татко ми те проколна со смрт. Се плашам! Не треба да останеме овде“.

Виктор: „Не треба да се плашиш. Магијата не може да ме повреди затоа што Исус е мојот Господ и ќе ме заштити“.

Мајката: „Виктор, те слушав на пазарот. Им поверував на твоите зборови и оттогаш имам мир во срцето“.

Разговорот направи мајка ѝ да се чувствува добро, но Ти-Фам сè уште се плашеше од татко ѝ. Ако некогаш слушне за ова… Беа изморени кога пристигнаа дома. А времето стануваше сѐ полошо. Почна бура и врнеше непрекинато. Реката се излеа од коритото, улиците беа поплавени и поминаа денови пред некој да може да излезе надвор. (Звук на тропање)

Ти-Фам: „Кој е?“ (звук на врата што се отвора)

Орестил: „Виктор, зошто дојде овде?“

Виктор: „Се појави свлечиште. Поради лошото време паднале неколку карпи. Заминете некаде од куќата или ќе бидете закопани во калта“.

Орестил: „Тоа е глупаво. Ние остануваме овде. Духовите ќе нè заштитат“.

Виктор: „Тие не можат да ви помогнат. Само живиот Бог може да ви помогне, само ако верувате во Него“.

Орестил: „Не сакам да го слушам тоа. Оди си! Излези од мојата куќа!“

Пред да замине Виктор ја охрабри госпоѓа Орестил.

Виктор: „Госпоѓо Орестил, не плаши се. Бог е со тебе“.

Виктор само што излезе од куќата, Орестил ја симна својата најголема мачета и гневен излезе од куќата.

Ти-Фам: „Застани, тато, не прави го тоа!“

Продолжуваме во следната драма.


Улоги: Раскажувач, мајка, Ти-Фам, Виктор, Орестил.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:42 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)