Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 017 (So courageous 2)
17. Толку храбар 2
Врнело дожд. Прекрасно! За неколку дена градините, полињата и парковите закрепнале од сушата.
Кој го испраќа дождот во вистинско време? Кој одржува сè во живот?
Во Израел имало време кога речиси сите заборавиле дека постои само еден Бог и дека Тој е Оној Кој дава дожд и сонце. Луѓето правеле богови од дрво и камен. Еден од тие богови го нарекле Ваал и верувале дека таа мртва фигура ќе им даде жито, плодови и многу стада.
Одговорен за тоа лажно верување бил царот Ахав.
Сѐ почнало кога се оженил со погрешна жена. Језавела доаѓала од земја каде што никој не го познавал вистинскиот Бог. Таа со неа ја донесла својата религија, обожавањето на Ваал, во Израел. Царот Ахав дозволил да биде исто така убеден да го обожава Ваал и целиот народ тргнал по нив.
Не, не сите. Илија не. Тој бил еден од тие кои Му останале верни на вистинскиот Бог.
Еден ден тој се молел:
Илија: „О, Боже, Те молам не дозволувај да врне дожд три години, така што целиот овој народ ќе препознае дека Ти си единствениот Бог Кој може да даде дожд и да предизвика нештата да растат“.
Илија бил убеден дека Бог ќе им покаже на сите дека само Тој е Бог. Брзо, Илија се приближил до палатата на царот. Без да има закажано, тргнал по ходниците сѐ додека не стигнал до собата со престолот, на која седел царот Ахав.
Без страв застанал пред царот и рекол:
Илија: „Царе Ахав, се колнам во живиот Бог, следните три години нема да заврне ниту капка дожд. Тоа ќе ти покаже дека постои само еден жив Бог“.
И пред Ахав да може да каже збор, Илија исчезнал. А потоа?
Можеш да слушнеш што се случило потоа, ако ја слушаш следната драма.
Улоги: Раскажувач, Илија.
© Copyright: CEF Germany