Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 018 (Breakfast per airmail 3)
18. Појадок по воздушна пошта 3
Со брзи чекори Илија излегол од палатата на царот. Едно било јасно: не можел да губи време бидејќи безбожниот цар ќе направел сѐ што е во негова моќ да го убие Илија. Тој не се плашел, бидејќи знаел дека Бог е верен и нема да го напушти.
Бог на пророкот му зборувал многу јасно.
Бог: „Илија, оди одовде. Оди на исток и скриј се кај потокот Керит. Таму можеш да пиеш од потокот, а Јас ќе обезбедам храна за тебе“.
Дали знаеш како Бог го направил тоа?
Тој испратил гаврани кои на Илија му носеле месо и леб. Тоа прекрасно нешто навистина се случило: Бог испраќал храна по „воздушна пошта“ за појадок и вечера на Илија.
Бог е верен. Сè што му било потребно на Неговиот слуга, Бог му дал. Скришно место, храна и пијалак.
Во тоа време многу луѓе имале тежок живот. Немало дожд, немало жетва и немало храна за јадење. Најпосле се исушил дури и потокот Керит. Кога се случило тоа, Бог му покажал на Илија друг пат – до Сарепта, што се наоѓала преку границата.
На влезот на градот тој замолил една жена:
Илија: „Дај ми чаша вода и парче леб“.
Жената тажно го погледнала и кажала со уморен глас:
Жена: „Немам повеќе ништо. Ми остана само грст брашно во садот, а во стомната има неколку капки масло. Тоа е сè што имам. Сега само што сакав да направам нешто за да јадеме јас и мојот син. Доволно е за уште еден оброк, а потоа... ќе умреме“.
Илија: „Не плаши се! Бог ме испрати кај тебе. Тој рече дека брашното нема да се потроши и стомната со масло нема да биде празна сѐ додека трае оваа суша“.
Бог е верен! Што и да вети секогаш ќе го исполни.
Брашното не исчезнало; стомната со масло не се исушила, иако жената ги употребувала двете нешта секој ден со цел да направи нешто за јадење. Пророкот Илија, жената и нејзиниот син секогаш имале доволно. Зар тоа не е прекрасно!
Бог е верен! Секогаш можеш да зависиш од Него!
Улоги: Раскажувач, Бог, Илија, жена.
© Copyright: CEF Germany