STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 122 (Peter’s life in danger)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

122. Животот на Петар е во опасност


Светилките веќе одамна биле угаснати, но во куќата на Марија сепак било светло. Имала гости. Причината била тажна: Петар бил в затвор. Зборувал за Исус, а во умот на царот Ирод тоа било голем криминал. Дали тоа требало да биде последна ноќ Петар да е жив? Неговите пријатели не губеле надеж, зашто Бог може да прави чуда. Ден и ноќ се молеле...

Жена: „Господе Исусе, Те молам не дозволувај Петар да умре“.

Маж: „Ти можеш да правиш чуда. Ние Ти веруваме“.

А Петар? Ќе сакаш ли да погледнеш во затворот? Библијата е како прозорец низ кој можеме да видиме како луѓето живееле со Исус многу одамна.

Момче: „Петар спие! Како може да спие ноќта пред неговото погубување?“

Девојче: „Окован е до двајца чувари“.

Момче: „И уште двајца стојат на вратата“.

Животот на Петар бил во опасност и неговите пријатели постојано се молеле за него. Но не можеле да претпостават што се случило таа ноќ во неговата затворска ќелија.

Одеднаш станало многу светло. Одеднаш ангел застанал покрај Петар.

Ангел: „Петар, стани. Обуј ги сандалите. Земи си ја наметката и тргни со мене“.

Петар одел зад ангелот како во сон. Ниту оковите го држеле, ниту чуварите го забележале неговото движење. Огромната железна затворска врата била отворена од невидлива рака. Потоа ангелот исчезнал. Бог може да прави чуда!

Петар: „Слободен сум! Бог испрати ангел да ме ослободи од Ирод“.

Петар трчајќи отишол до куќата на Марија (звук на тропање).

Рода: „Кој е?“

Петар: „Петар е“.

Рода била толку среќна што го слушнала неговиот глас што заборавила да ја отвори вратата. Трчајќи отишла кај другите луѓе.

Рода: „Петар стои пред вратата!“

Маж: „Ти си луда. Тоа е невозможно“.

Рода: „Навистина! Му го препознав гласот“. (звук на тропање)

Петар: „Отворете!“

Маж: „Навистина е тој. Бог направи чудо!“

(звук на отклучување врата)

Жена: „Петар, како излезе од затворот?“

Петар им раскажал сè на пријателите.

Бог може да направи чуда и да одговори на молитва на начин кој што нè воодушевува.

И денес сè уште прави големи и мали чуда. Верувај Му!


Улоги: Раскажувач, жена, маж, момче, девојче, ангел, Петар, Рода.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:58 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)