STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 097 (Whoever won’t listen 1)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

97. Секој кој нема да послуша 1


(звук на тропање)

Првиот човек: „Сега тој повторно почна“.

Жена: „Ме вознемирува“.

Вториот човек: „Тој е најголемиот чудак на сите времиња. Ќе врне. Бог божем му го кажал тоа“.

Бог навистина му го кажал тоа.

Бог проговори: „Донесов решение. Ќе ја уништам секоја личност што живее на земјата. Нивните мисли и постапки се сосема злобни“.

Ное бил единствениот човек кој го следел Бог. За тоа му била потребна голема храброст. Не дозволил да биде заведен да прави зло. Останал цврст и направил сè што му рекол Бог. Бог бил задоволен од него.

Бог проговори: „Ное, изгради ковчег од дрво. Ќе испратам голем потоп. Сè што живее ќе се удави. Но ќе те спасам тебе и твојата жена, твоите синови и нивните жени“.

Ное направил сè како што му кажал Бог. Го изградил ковчегот со своите синови според Божјите упатства. Ковчегот бил долг речиси 500 стапки, широк 72 стапки и висок 40 стапки. Имал катови, а на секој кат имало повеќе простории. Ковчегот имал една врата и прозорец на покривот. Однатре и однадвор бил заштитен со катран.

Можеш ли да замислиш како биле исмевани од соседите?

Првиот човек: „Ное е луд. Од каде ќе дојде водата, па бродот да плови?“

Вториот човек: „Никогаш не сум видел дожд. Ное, едноставно, престани со тоа што го правиш и почни да уживаш во животот“.

Но Ное не престанал. Продолжил да го прави тоа што Бог му го кажал. По многу години тешка работа, ковчегот бил изграден.

Бог проговори: „Ное, качи се во бродот со семејството. Земи по две од секое животно со вас, како и доволно храна за сите. По една недела ќе пуштам да врне дожд постојано 40 дена и 40 ноќи“.

Ное не го гледал дождот, но продолжил да прави сè како што Бог му кажал да направи. Се качил на бродот со семејството. Дошле и животните. Изгледало како да знаат дека опасноста доаѓа.

Сите влегле низ единствената врата на бродот.

Бог ја затворил вратата зад Ное. Ги спасил тие кои Му верувале и Му биле послушни.

А другите луѓе? Тие не Му верувале на Бог.

Заврнале првите капки дожд. Тогаш луѓето одеднаш сфатиле дека Бог го прави тоа што кажал дека ќе го направи.

Ќе ви раскажам што друго се случило во следната драма.


Улоги: Раскажувач, двајца мажи, жена, Бог.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 02, 2021, at 09:50 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)