STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 092 (A man-eating tiger 4)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

92. Тигар – човекојадец 4


Сахиб Груб: „Рингу, што не е во ред? Зошто си толку вознемирен?“

Рингу: „Сахиб, одиме да ловиме тигар. Тигар-човекојадец врти околу нашето село“.

Сахиб Груб: „И ти ќе им се придружиш на ловците?“

Рингу: „Да! Но што ќе се случи, ако ме нападне, или дојдат злите духови?“

Сахиб Груб: „Има Некој Кој ќе те заштити. Тој е семоќен и може да направи сè. Исто така, многу е посилен од злите духови. Исус! Во Библијата пишува дека Тој дојде да нè ослободи од моќта на злите духови“.

Рингу: „Дали навистина Исус е посилен од нив?“

Сахиб Груб: „Да, многу посилен“.

Рингу: „Сакам да верувам во Него, исто како тебе“.

На Рингу му беше многу јасно дека Му е потребен Исус. Се молеше и Го покани во неговиот живот. Зборуваше со невидливиот Бог и беше многу сигурен дека Исус го слуша.

Сахиб Груб: „Рингу, секогаш можеш да разговараш со Исус и да Го замолиш да ти помогне, дури и при ловењето тигар“.

По неколку часа беше време да замине. Мажите го зедоа оружјето, а Рингу ја зеде батериската ламба. Тивко се качија на старото дрво покрај поилото. Беа напрегнати додека ја разгледуваа околината. Рингу тивко се молеше.

Рингу: „Господе Исусе, те молам помогни ни да го убиеме тигарот пред тој да растргне повеќе луѓе. Го гледате ли тоа? Нешто таму мрда“.

Рингу ја стисна раката на татко му. Тешко можеше да дише. Тигарот тивко се приближи до мртвиот бик, кој мажите го поставија како стапица, и лакомо го нападна. Тигарот погледна нагоре и тогаш сè се случи многу брзо. (звук на истрел од пушка)

Таткото: „Страшно! Не го погодив!“

Човек: „Внимавај! Доаѓа! Ќе скокне кон нас!“

Таткото: „Рингу, насочи ја светлината кон неговите очи. Заслепи го со неа!“

Рингу: „Помош, ламбата е премногу слаба. Господе Исусе, што треба да направам?“

Се целата своја сила Рингу ја фрли батериската ламба на земјата. Тигарот скокна кон светлината. Одекна истрел.

Тигарот уште еднаш скокна во воздух, а потоа ранет се тркалаше напред – назад во високата трева. Таткото на Рингу ја наполни пушката, го повлече чкрапалото (звук на истрел од пушка) и опасното животно лежеше мртво на земјата.

Сите дишеа полесно, а Рингу тивко се молеше.

Рингу: „Боже, многу ти благодарам. Ти ни помогна!“

Бог не остава никого. Што имаш искусено со Него?

Можеш да ми напишеш и да ми кажеш како Тој одговорил на твоите молитви.


Улоги: Раскажувач, Рингу, Сахиб Груб, таткото, човек.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:52 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)