Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 071 (The cast-your-cares hint)
71. Потсетник за "фрли ги грижите"
Зар не би било одлично повеќе да немаме никакви грижи или проблеми?
Девојче: „Сакам повеќе да нема војни“.
Момче: „И да нема несреќи или рак“.
Девојче: „И родителите да не се разведуваат“.
Момче: „Би сакал да нема повеќе гладни деца“.
Кога ова би било така, колку би било прекрасно!
Понекогаш ги посакувам истите нешта. А ти? Но сè додека живееме на оваа земја, ваквите желби нема да се остварат.
Но имам добри вести за тебе: постои една личност која нема да те остави сам со твоите грижи. Исус! Како го знам тоа? Од Петар.
Во Библијата има писма од него и во едно од нив вели: „Сите ваши грижи фрлете ги на Исус, зашто Тој се грижи за вас“.
Петар зборувал за нешто што лично го доживеал. Еднаш неговата тешта била многу болна. Лежела во креветот и имала многу висока температура. Ништо не помогнало. Петар и неговата сопруга биле беспомошни.
Кога Исус дошол да ги посети, Му кажале за нивните грижи.
Петар: „Исусе, Те молам помогни ни. Мојата тешта е многу болна, многу сме загрижени за неа“.
Исус ги разбира нашите големи и мали тешкотии и со задоволство ни помага.
Во Библијата пишува: „Исус отиде до креветот на болната жена и ја фати за рака. Тој ѝ помогна да стане и температурата веднаш се изгуби. За миг ѝ стана подобро. Повторно беше здрава и дури зготви вкусно јадење за сите“.
Дали имаш грижи? Разговарај со Исус за нив. Тој ги слуша твоите молитви. Можеби нема да ти помогне толку брзо како на Петар. Но можеш да бидеш сигурен дека Исус никогаш не задоцнува, дури и кога некогаш треба да го чекаме Неговиот одговор.
И секогаш помни го добриот совет на Петар.
Петар: „Сите ваши грижи фрлете ги на Исус, зашто Тој се грижи за вас“.
Улоги: Раскажувач, девојче, момче, Петар.
© Copyright: CEF Germany