Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 052 (Without a schedule to Hawaii)
52. Без план во Хаваи
Дали некогаш си набљудувал како птиците преселнички се собираат на електричните жици пред да одлетаат? Дали тогаш стануваат желни да патуваат?
Секоја година, птиците преселнички, ластовиците и штрковите заминуваат на југ речиси во ист ден секоја година. Кој им кажува дека е време за преселување? Бог, Создателот, ги направил такви.
Тие ги почитуваат Неговите упатства и тоа им ги спасува животите.
Некои птици летаат речиси 9000 километри и напролет пак се враќаат во истото гнездо. Зар тоа не е чудо?
Можеби, имаш слушнато за американскиот златен свиркач. Таа птица живее на Алјаска, на место каде што земјата никогаш не се одмрзнува целосно. По 26 дена, од јајцето се испилува пилето. Негова омилена храна се брусницата и дебелите гасеници. Пораснува колку гулаб, а пердувите му стануваат блескаво златно-зелени. Не може да оди многу добро, но може добро да лета. Тоа е поважно за птицата, зашто својот зимски одмор го поминува на Хаваите. Тоа значи дека птицата треба да лета непрекинато 88 часа.
Говорник: „Неговите патувања се голема тајна за научниците. Пред полетувањето се здебелува за половина од телесната тежина. Замисли тоа да ти се случи тебе. За време на неговиот лет, мавта со крилјата горе – долу 250,000 пати. Можеш ли да направиш четвртина милион склекови без да се одмориш? Ако птиците имаа брзинометар, ќе знаеја дека летаат со брзина од 46 километри на час.
Американскиот златен свиркач, кога ќе полета тежи вкупно 300 грама и согорува 0,6% од телесната тежина на секој час. Пресметката покажува дека со таква голема потрошувачка, тој треба да падне преморена во морето речиси 800 километри пред да пристигне до својата цел. Но тоа не се случува бидејќи овие птици летаат во V-формација каде што се менуваат која птица ќе е на врвот, и на тој начин штедат енергија“.
Златниот свиркач ги следи упатствата кои Бог ги ставил во него. Без компас и план за летање, лета ноќе и низ облаците. И покрај тоа што младите птици никогаш не биле на Хаваите, сепак го наоѓаат малиот остров среде големиот океан. Тоа не е случајност. Тие ги следат добрите упатства на Бог и Му ги пеат своите благодарни песни.
Ќе го направиме ли истото?
Божјите добри упатства за нас се во Библијата. Секој што ги следи ќе стигне до крајната цел.
Улоги: Раскажувач, говорник.
© Copyright: CEF Germany