STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 041 (The Chief and Jesus)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

41. Првосвештеникот и Исус


Со мачета во раката, мисионерот си правеше патека низ џунглата. Сонцето пламна на небото. Најпосле пристигна до селото на Индијанците. Поглаварот срдечно го поздрави.

Ниту еден бел човек никогаш порано немаше дојдено во ова племе за да им раскаже за Исус. Тапаните ги повикаа да се соберат Индијанците. Мисионерот, радосен, почна да зборува.

Мисионерот: „Бог ме испрати кај вас за да дознаете како да отидете на небото“.

Поглаварот се израдува од оваа добра вест. Стана и отиде да земе нешто.

Поглаварот: „Поглаварот Му ја дава својата секира на Бог“.

Потоа слушаше уште малку.

Мисионерот: „Бог ве сака и сака да дојдете кај Него. Но, Бог е свет и вашите гревови се пречка на патот до Него. Грешниците не можат да бидат на небото“.

Тоа ги натажи Индијанците, затоа што знаеја дека тој беше во право. Тие крадеа, лажеа, убиваа и се срамеа поради тоа.

Мисионерот: „Не бидете тажни. Бог ве сака. Сака да ви ги прости гревовите“.

Среќен поради тоа, поглаварот стана, се оддалечи и се врати со убав, шарен тепих.

Поглаварот: „Поглаварот е среќен што Бог го сака, затоа Му дава тепих“.

Мисионерот: „Бог Го испрати Својот Син во светот за да може да плати за гревовите на сите луѓе“.

Бог направи толку многу! Поглаварот се оддалечи со цел да го земе најскапоценото нешто што го имаше.

Поглаварот: „Поглаварот Му го дава на Бог својот коњ. Сега немам повеќе што да Му дадам на Бог“.

Навистина ништо друго? Мисионерот продолжи да зборува.

Мисионерот: „Исус, Божјиот Син, доброволно умре на крстот за вашите гревови. Тој ве сака. Верувајте во Него и ќе ви ги прости гревовите и еден ден ќе отидете на небото“.

Лицето на поглаварот светна.

Поглаварот: „О, знам што можам друго да Му дадам на Бог. Му го давам срцето и верувам дека умре за мене“.

Многу други луѓе го направија истото и се вратија среќни во своите шатори.

Дали и ти сакаш да бидеш среќен на овој начин? Тогаш следи го примерот на поглаварот и поверувај во Господ Исус.


Улоги: Раскажувач, мисионер, поглавар.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on October 22, 2021, at 07:57 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)