Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 148 (The hardest test 3)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

148. Најтешкиот тест 3


Во право ли сум? Кога треба да направиш тежок тест, тој ден повеќе сакаш да останеш в кревет.

Со Авраам било поинаку. Станал многу рано. Не требало да има тест по математика или хемија. Бог му ја тестирал верата.

Божјиот глас: „Авраам!“

Авраам: „Овде сум“.

Божјиот глас: „Земи го Исак, твојот единствен син кого го сакаш, и оди во земјата Морија. Жртвувај го на планината; ќе ти покажам каде“.

Кој не Го познава Бог, ниту го сака, би помислил дека Бог е свиреп. Авраам не помислил лошо за Оној Кој го испитувал.

Во Библијата, едноставно, пишува: Авраам стана рано и го оседла магарето. Нацепи дрва за жртвата и со себе поведе двајца слуги како и син му Исак.

Пешачеше речиси 100 километри. Тоа беше долг пат, на кој во секое време можеа да решат да се вратат назад.

По три дена Авраам ја видел планината. Се свртил кон слугите.

Авраам: „Останете овде со магарето. Јас и син ми ќе одиме да Го обожаваме Бог. Потоа ќе се вратиме“.

Го слушна ли тоа? Авраам рекол: Ќе се вратиме повторно. Тој цврсто верувал дека Бог ќе го врати Исак во живот.

Синот ги носел дрвата, таткото го носел садот со запален јаглен, како и ножот. Така оделе заедно.

Исак: „Татко!“

Авраам: „Да, сине“.

Исак: „Имаме дрва и оган, но каде е јагнето за жртвата паленица?“

Авраам: „Ќе го оставиме тоа на Бог. Тој ќе обезбеди жртва, сине“.

Кога пристигнале на местото што Бог им го покажал, Авраам изградил олтар и ги распоредил дрвата на него. Го врзал син му Исак и го ставил на олтарот врз дрвата. Потоа го зел ножот.

Ангел: „Авраам! Авраам!“

Авраам: „Еве ме“.

Ангел: „Не повредувај го син ти. Сега знам дека Го сакаш Бог повеќе отколку што го сакаш твојот единствен син“.

Авраам го положил најтешкиот тест што постоел.

На неколку стотици метри од Морија, многу години подоцна, стоел крст каде што Бог Го жртвувал Својот единствен Син Исус, за да можеме да станеме Негови деца, ако веруваме во Него. Сакаш ли да се молиш со мене сега?

„Господе Исусе, ќе верувам во Тебе како што веруваше Авраам. Што може да му се случи на некој што има таква вера?!“


Улоги: Раскажувач, Авраам, Божјиот глас, Исак, ангел.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:04 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)