STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 149 (It‘s difficult for Inam 1) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
149. Тешко е за Инам 1Кошницата со облеката за перење беше тешка. Инам ја однесе до реката. Таму ги извади валканите алишта, ги потопи во вода и ги триеше на голем камен. Тоа беше тешка работа. Знаете, во џунглата нема машини за перење. Солзи течеа по кафеавото лице на Инам. Повторно беше жестоко тепана. Инам ги погледна оризиштата и помисли на времето кога растенијата со ориз сè уште беа многу мали. (звук на музика во заднината за време на сеќавањето) Инам: „Тогаш туѓинците дојдоа во Индонезија и изградија мала дрвена црква во близина. Секој можеше да присуствува. Ѕиркав низ пукнатините и слушав кога се пееја прекрасните песни. Тогаш влегов внатре и ја слушав возбудливата приказна за Исус и како Тој умрел на крстот за нас. Инам плачеше, не поради тепањето, туку поради родителите. Инам: „Господе Исусе, сакам и моите родители да веруваат во Тебе, да живеат за Тебе и да одат на небото еден ден. Те молам не дозволувај да бидат изгубени“. Инам ја дигна кошницата за алишта и ја однесе дома. Мајката (налутено): „Зошто си толку бавна? Ајде, побрзај! Зготви го оризот!“ По појадокот Инам беше казнета да седи дома. Но, кога сè се смири, излезе низ прозорецот и трчаше низ високата трева во џунглата до малата црква. (музика во заднината) Не сакаше да ја пропушти службата. Песните и библиските стихови што ги научи таму ѝ даваа нова храброст. Но дома родителите ја чекаа со стап. На Инам ѝ беше тешко откога реши да живее за Исус. Често беше тепана, но сè уште Му веруваше на Исус. Кога се разболе, мајка ѝ го викна врачот. Тој измеша пијалак и промрморе нешто во себе. Инам размислуваше што може да направи за да не мора да го пие пијалакот. Врачот ѝ ја даде чашата и во тој миг мајка ѝ викна. Мајката: „Треба да одам во кујната, оризот гори!“ Врачот ја следеше и Инам брзо го истури пијалакот од прозорецот. Ако некогаш дознаат! Што се случи натаму ќе слушнеш во расказот во следната драма. Улоги: Раскажувач, Инам, мајката. © Copyright: CEF Germany |