STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 076 (Three lies in one night) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
76. Три лаги за една вечерПетар: „Не, тоа не е вистина! Никогаш не би го направил тоа“. Понекогаш Петар изгледал како фаленичар, но верувам дека навистина го мислел тоа што го кажал. Петар: „Тоа никогаш нема да ми се случи мене“. Дали некогаш размислуваш така? Петар бил многу сигурен, во тоа време во текот на ноќта кога одел со Исус и другите ученици. Било темно и расположението било мрачно кога Исус одеднаш застанал и им зборувал. Исус: „Токму оваа ноќ сите ќе се оддалечите од Мене и ќе Ме напуштите“. Петар: „Никогаш. Дури и сите други да Те напуштат, јас никогаш не би направил такво нешто“. Исус ги знае нашите срца. Исус: „Петар, те познавам. Пред да запее петелот, трипати ќе кажеш дека никогаш не си Ме познавал“. Петар: „Господе Исусе, никогаш нема да го направам тоа; побрзо би умрел отколку да се откажам од Тебе“. И другите ученици го кажале истото нешто. Но Исус знаел подобро. Набрзо по ова, кога Исус Го врзале и Го одвеле Неговите непријатели, сите ученици Го напуштиле. И Петар бил исплашен. Но Го следел Исус на голема далечина, бидејќи сакал да види што ќе прават со Него. Петар: „Каде Го носат? Во палатата на Првосвештеникот? Што ќе биде со мене? Само да не привлечам внимание, па да ме затворат и мене“. Петар седнал со непријателите на неговиот Господ. Со нив се топлел покрај огнот во дворот. Дали тоа било вистинското место каде што требало да биде? Пријател на Исус со луѓе кои Го мразеле Исус? Првата слугинка: „Еј ти, ми изгледаш познат. Зар не беше и ти со Исус?“ Петар: „Јас? Од каде ти дојде таа идеја? Не знам за што зборуваш“. Втората слугинка: „Видете, и тој беше со овој Исус“. Петар: „Тоа не е вистина. Дури не го ни познавам човекот“. Слугата: „Секој може да го каже тоа. Се разбира, и ти беше со Исус. Говорот те предава“. Петар: „Престанете со оваа глупост. Ви велам не го познавам Исус“. (звук на пеење на петел) Вчудовиден, Петар погледнал наоколу. Во тој миг го одвеле Исус. Како што поминувал, Тој тажно погледнал кон Петар. Тој поглед го пронижал срцето на Петар. И Петар се сетил на тоа што му го кажал Исус пред неколку часови. Петар го изневерил Исус. И многу му било жал. Излегол и горчливо плачел. Дали тој знаел дека, и покрај тоа, Исус сè уште го сака? Улоги: Раскажувач, Исус, Петар, две слугинки, слуга. © Copyright: CEF Germany |