Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 072 (Sensation on the sea)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

72. Сензација на морето


Сензација на Галилејско Езеро!

Петар: „Многу сум возбуден од Исус. Тешко ми е да поверувам: со пет леба и две риби нахрани 5000 мажи, сите жени и деца и сите јадеа сè додека не се наситија“.

Ученик: „Виде ли колку многу храна остана? Многу повеќе од таа со што почна“.

Петар: „Одлично, Тој од малку може да направи многу“.

Исус, Божјиот Син, е особен. Тој може да направи многу од малку.

Луѓето биле воодушевени од тоа чудо и вечерта се вратиле во нивните домови. Тогаш Исус се вклучил во разговорот на учениците.

Исус: „Влезете во бродот и допловете до другата страна“.

Тој не влегол во бродот, туку се искачил на планината да се моли.

Учениците веслале и пловеле по езерото во текот на ноќта без Исус. Одеднаш почнала бура. Рибарите ги спуштиле едрата. Првиот бран удрил во бродот. Камо да беше Исус со нив во таа страшна состојба. Биле исплашени и викале. Но, тогаш станало полошо.

Петар: „Таму, дали го гледате тоа? Тоа е дух!“

Ученик: „Не можам да издржам повеќе“.

Една бела фигура одела по водата и доаѓала право кон нивниот брод. Учениците врескале. Но тоа не бил дух.

Исус: „Охрабрете се, Јас сум! Не плашете се!“

Учениците го препознале тој глас. Тоа бил Исус. Петар бил првиот што се осмелил да зборува.

Петар: „Господе Исусе, ако навистина си Ти, тогаш овозможи ми да дојдам кај тебе по водата“.

Исус: „Дојди!“

Неверојатно! Петар излегол од бродот и тргнал да оди по водата кон Исус. Сè додека гледал во Исус, сè било добро. Но кога погледнал кон брановите почнал да тоне.

Петар: „Господе, спаси ме! Помогни ми!“

Исус ја испружил раката, го фатил Петар и го спасил.

Исус, Божјиот Син, е особен – Тој спасува!

Исус: „Верувај ми. Дај ми го целото срце“.

Петар се вратил во бродот со Исус. Бурата стивнала и ветерот престанал. Сите клекнале пред Исус и се поклониле пред прекрасниот Господ.

Петар: „Ти си Божјиот Син!“

Исус, Божјиот Син, е особен. Ништо не е невозможно за Него.

Тој не бара да одиш по вода. Но оди таму каде што си со Исус. Во секоја состојба ќе те води и ќе ти помага.


Улоги: Раскажувач, Петар, учениците, Исус.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:48 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)