Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 043 (Good news 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

43. Добрата вест 2


Пешачењето до пазарот беше мачно. Ти-Фам и мајка ѝ на главата носеа тешки кошници полни со сладок компир. Се надеваа дека ќе добијат многу пари за нив, а потоа госпоѓа Орестил ќе ѝ купи нов фустан на својата ќерка. Единствениот фустан што го имаше беше веќе стар и со дупки. Родителите на Ти-Фам беа сиромашни. Татко ѝ секогаш ги даваше најдобрите нешта како жртви на злите духови, а, сепак, никогаш не доби мир во срцето. Одеднаш Ти-Фам помисли на Мери. Нејзината пријателка повеќе не носеше амајлии затоа што сега беше христијанка.

Конечно пристигнаа до пазарот. Таму имаше многу нешта.

Продавач: „Свеж зеленчук! Одличен грав!“

Продавач: „Пченка од новата жетва“.

Продавач: „Евтино – кај мене сè е евтино!“

Госпоѓа Орестил ја спушти кошницата пред еден човек. Тој внимателно ги разгледа плодовите.

Продавач: „Така и си мислев. Црви! Компирите се полни со црви!“

Разочарана и со само малку пари, госпоѓа Орестил го купи тоа што ѝ беше потребно. Но, Ти-Фам доживеа чудо. Еден пријателски расположен човек ги купи сите компири од нејзината кошница. Таа не знаеше дека нејзината пријателка стана христијанка преку овој човек. Со парите што ги доби Ти-Фам си купи убав фустан. Беше многу среќна.

Подоцна таа повторно се сретна со Виктор.

Ти-Фам: „Види, еве го човекот што ги купи моите компири. Каква книга има во рацете?“

Ти-Фам и мајка ѝ стоеја и слушаа што им зборуваше човекот на луѓето.

Виктор: „Имам добра вест за вас. Бог ве сака и сака да ви даде мир во срцето така што никогаш повторно не треба да се плашите“.

Госпоѓа Орестил: „Ти-Фам, верувам дека ја кажува вистината“.

Кога врачот Орестил слушна дека жена му го слушала Виктор, гневно почна да вика.

Орестил: „Виктор ве збунува. Не му верувајте. Духовите ќе ни се одмаздат“.

Госпоѓа Орестил: „Орестил, имам мир во срцето. Богот на Виктор е посилен од злите духови“.

Тогаш Орестил го грабна новиот фустан на Ти-Фам, го преобрази во кукла од партали и во неа забоде многу игли.

Орестил: „Ова е Виктор. Мора да умре. Иглите ќе го направат тоа“.

Ти-Фам беше вчудовидена. Татко ѝ никогаш порано не направил вакво нешто.

Кој е посилен? Клетвата на врачот или Исус?

Слушај ја наредната драма за да откриеш.


Улоги: Раскажувач, госпоѓа Орестил, Ти-Фам, продавач, Виктор, Орестил.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:42 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)