STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 042 (TiFam, daughter of the witch doctor 1) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
42. Ти-Фам, ќерката на врачот 1Сонцето изгреа над планините на Хаити. Ти-Фам живееше со родителите во мала колиба од кал. Беа многу сиромашни и секогаш се плашеа од лоши духови. Не знаеја ништо за вистинскиот Бог кој ги сакаше и кој рече: „Не плаши се зашто Јас сум со тебе“. Таткото на Ти-Фам, врачот Орестил, стана рано, а мајка ѝ ги извршуваше домашните работи и работеше во полето. Ти-Фам често мораше да помага. Мајката: „Ти-Фам, ќе ископаме сладок компир и ќе го однесеме утре на пазар. Оди и исечи лисја од банана за да можам да ги ставам во кошницата“. Ти-Фам: „Ако го направам тоа, може ли да добијам нов фустан како што ми вети?“ Мајката: „Ќе видиме“. Ти-Фам ја зеде мачетата и тргна кон плантажата со банани. Нејзината пријателка дотрча преку полето до неа. Мери: „Ти-Фам! Ти-Фам!“ Ти-Фам: „Мери, утре ќе добијам нов фустан со зборови на него“. Мери: „Зборови? Ти дури не знаеш да читаш. Јас прво ќе научам да читам, а потоа ќе купам нешто“. Ти-Фам: „Ќе купиш ли нова амајлија од татко ми за да те штити?“ Мери: „Не, веќе не носам амајлии. Ние станавме христијани и ќе купиме Библија“. Ти-Фам: „Мери, ти полуде! Тоа воопшто не им се допаѓа на злите духови. Ќе се разболиш“. Мери: „Ти-Фам, јас повеќе не се плашам. Исус е посилен од злите духови. Тој рече: Не плаши се зашто Јас сум со тебе. Виктор ни го кажа тоа од Библијата“. Ти-Фам: „Тоа се лаги, само лаги“. Ти-Фам ја држеше нејзината амајлија и побегна. Ти-Фам: „Мамо, Мери повеќе не носи амајлија затоа што станале христијани“. Христијани се луѓе кои Му припаѓаат на Исус и поради тоа не сакаат да имаат повеќе никаква работа со амајлии, хороскопи или суеверие. Бог во Неговото Слово ги забранува овие нешта. Дали зависиш од вакви нешта, или ќе Му веруваш на Исус? Само Тој може да биде твоја заштита и помош. И Тој ти вели: „Не плаши се зашто Јас сум со тебе“. Ти-Фам не знаеше дека можеме да се молиме на Исус. Таа секогаш живееше во страв. Кога Орестил, врачот, слушна дека Мери и нејзиното семејство станале христијани, лицето му се затемни и тогаш… Што ќе се случи натаму во овој вистински мисионерски расказ, ќе ви раскажам во наредната драма. Улоги: Раскажувач, Ти-Фам, мајка, Мери. © Copyright: CEF Germany |