STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 009 (He came and He’ll come) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
9. Тој дојде, и ќе дојде пакПочна најубавото време во годината. Продавниците и улиците се украсени за Божиќ. И дома собите се украсени со гранки од елка и златни ѕвезди. На венецот гори првата „адвентна“ свеќа. Секогаш со нетрпение го чекам ова време, а сигурен сум и ти. (Пушти Божиќна песна – само инструментална.) Холи: „Свеќата гори. Мило ми е што дојде ова прекрасно време во годината. Ми кажува: „Бог нѐ сака тебе и мене; Неговиот Син се роди како бебе“. Светилките светат и ја раскажуваат добрата вест. Првата свеќа нѐ потсетува дека: Исус дојде од небото на земјата. Тој стана човек, исто како нас, со цел да умре на крстот за нашите гревови. Тој беше погребан и по три дена воскресна. Тој е сега жив! Втората свеќа вели: Исус е светлината на светот. За секоја личност. И Тој сака да го исполни твоето срце со светлина и радост. Третата свеќа ветува: Тој доаѓа! Исус, Господ, доаѓа повторно. Но не како што дојде пред 2000 години. Тој нема да дојде повторно како бебе лежејќи во јасли. Тој ќе дојде како Господ и Цар. Четвртата свеќа објавува: Чекај Го и биди подготвен. Најдоброто нешто што можеш да го направиш е да Му дозволиш да дојде во твојот живот денеска. Тоа е најдобрата подготовка за Неговото доаѓање. Исус дојде и ќе дојде пак. Тоа е добрата вест за адвентот – очекувањето кое сјае посветло од која било свеќа. Ти посакувам радосна сезона на очекување. И уште едно нешто: следниот пат ќе има Божиќен квиз. Ќе учествуваш ли? Улоги: Раскажувач, девојче. © Copyright: CEF Germany |