STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 008 (Earthquake at midnight) This page in: -- Albanian -- Arabic? -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
8. Земјотрес на полноќБродот бил закотвен на пристаништето. Павле и неговиот пријател Сила излегле на копното во градот Филипи. На пазарот и на улиците тие постојано раскажувале: Павле: „Бог ве сака. Тој го испрати Неговиот Син во светот. Верувајте во Господ Исус и ќе бидете спасени“. Лидија поверувала и со радост ги слушала случките за Исус. Други луѓе се вознемириле и гневно извикувале: Човек: „Тие предизвикуваат бунт! Не сакаме да го слушаме ова. Однесете ги одовде!“ Почнале да летаат камења. Одеднаш целата толпа луѓе се побуниле против Божјите гласници. Гневните мажи ја искинале облеката на Павле и Сила и ги камшикувале. Грбовите им биле воспалени од прачките со кои ги удирале. Тие биле затворени во темница, влажен затвор каде што управникот на затворот им ги ставил рацете и нозете во пранги. Сѐ ги болело, а грбовите им гореле од болка. Во Библијата пишува дека затворениците не се жалеле ниту прашувале: „Зошто Бог дозволи да ни се случи ова?“ Наместо тоа, среде ноќ Му пееле пофални песни на Бог. И тогаш се случило: Бог им помогнал испраќајќи силен земјотрес. Нивните синџири паднале и вратите се отвориле. Управникот на затворот се разбудил од вревата. Неговата прва мисла била дека сите затвореници избегале. Тој се плашел од неговиот претпоставен, па сакал да умре. Го зел својот меч… Павле: „Чекај! Немој да се повредуваш. Сите сме овде“. Навистина, никој не избегал. Тресејќи се, затворскиот чувар паднал пред нозете на Павле. Управникот на затворот: „Што треба да направам за да се спасам?“ Павле: „Ти не треба да направиш ништо. Исус направи сѐ за тебе. Верувај во Него и ќе се спасиш“. Било многу едноставно. Управникот на затворот поверувал и се изменил. Тој повеќе не ги повредувал затворениците, туку им дал храна да јадат и им ставил лекови на раните. Следното утро, судијата испратил гласници до управникот на затворот и му рекол да ги ослободи овие двајца мажи. И тие самите дошле и се извиниле за своето лошо однесување кон Павле и Сила. Потоа Павле и Сила патувале на многу места и им раскажувале на многу други луѓе: Павле: „Верувај во Господ Исус и ќе се спасиш и ќе имаш вечен живот“. Улоги: Раскажувач, Павле, човек, управникот на затворот. © Copyright: CEF Germany |