Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 151 (Donkey heads are expensive 1)
151. Магарешките глави се скапи 1
Можеш ли да си го замислиш градот Самарија, град на рид кој е добро заштитен? Кога Израел бил поделен, тој бил главен град на Северното Царство.
И непријателите се насочиле кон тој град.
Сиријците сакале да го освојат. Но не го направиле тоа со оружје. Го опсадиле. Насекаде околу градот ги поставиле своите шатори и не ги испуштале од вид градските врати.
Од тој миг натаму жителите на градот слушале само лоши вести. Во градот имало многу малку храна. Сè било распродадено! Глава на магаре, лоша стока, чинела 10.000 денари. Полугладни деца плачеле и барале храна на улиците.
Народот бил на крајот на силите, а и царот. Тој го обвинил Елисеј и бил решен да го убие тој Божји гласник. Тргнал кон Елисеј, придружуван од еден свој службеник.
Елисеј ги видел како доаѓаат.
Елисеј: „Царе, послушај го Бог! Тој вети дека утре ќе има храна за јадење и тоа многу евтина!“
Службеникот навредливо одговорил.
Службеникот: „Невозможно! Дали мислиш дека Бог може да отвори прозорец на небото и да фрли храна за нас?“
Елисеј: „Ќе видиш дека ја зборувам вистината, но како казна нема да можеш да јадеш од тоа“.
Тоа биле добри вести од Бог, но никој не поверувал.
Потребата била голема, но била најголема за четворицата мажи кои седеле надвор покрај градската врата. Биле облечени во партали, полугладни и лепрозни. Поради таа ужасна кожна болест биле исфрлени надвор.
Дали градот набрзо ќе ги слушне лошите вести за нивната смрт?
Безнадежно зјапале во далечината. Одеднаш еден од нив ја прекинал тишината.
Лепрозниот: „Смртта демне насекаде. Ако останеме овде ќе умреме. Ако одиме во градот, исто така ќе умреме. Ако одиме кај непријателот, можеби… можеби, ќе нè остават живи. А, ако тие нè убијат, тогаш, едноставно, ќе умреме таму“.
Искра надеж се појавила во нивните срца.
Кога зајдело сонцето, тајно влегле во логорот на непријателите.
Се приближиле со голем страв!
Дошле до првиот шатор.
Внимателно! Бидете тивки!
Што се случило потоа ќе ви раскажам во следната драма.
Улоги: Раскажувач, Елисеј, лепрозен, службеник.
© Copyright: CEF Germany