STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 158 (Reward for M. 3)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

158. Награда за М 3


Царицата Естира била многу храбра. Без покана отишла кај персискиот цар. Со тоа си го ризикувала животот. Но го направила тоа затоа што сакала да ги спаси своите луѓе, Евреите.

Царот Ахасвер седел на тронот. Ја видел Естира како доаѓа и го подал златниот жезол кон неа, што значело дека е добредојдена.

Царот: „Царице Естира, зошто дојде? Која е твојата желба?“

Естира: „Царе мој, те молам дојдете денеска со Аман да вечерате со мене“.

Царот: „Слуга, брзо викни го Аман. Царицата нè покани на вечера“.

Естира подготвила вкусно јадење за нив.

Царот: „Царице Естира, дали посакуваш уште нешто? Би ти дал до половина од моето царство“.

Естира: „Те молам дојди утре повторно да вечераме и донеси го Аман. Тогаш ќе ти ја кажам мојата желба“.

Злобниот Аман отишол дома одлично расположен и се пофалил.

Аман: „Јас сум највисокиот функционер. Единствено јас бев поканет од царицата да вечерам со царот. Утре сум поканет повторно. Но едно нешто сè уште ме прави многу гневен: Мардохеј не ми се поклонува“.

Сопругата: „Зар ќе останеш на тоа? Обеси го тој Евреин!“

Естира не знаела дека Аман подготвил бесилка за нејзиниот очув. Била висока околу 20 метри. Но Бог видел. Тој владее! И тоа е причината зошто на царот Ахасвер му дал бессона ноќ.

Царот: „Слуга, не можам да спијам. Донеси ми го дневникот. Прочитај гласно што се случи неодамна“.

Во дневникот се раскажувало за тоа како Мардохеј спречил обид за атентат врз царот.

Царот: „Каква награда доби Мардохеј за ова?“

Слугата: „Никаква“.

Следниот ден Аман дошол во палатата. Сакал да добие дозвола од царот да го обеси Мардохеј.

Царот: „Аман, што да му дадам на човекот на кого царот сака да му се заблагодари?“

Аман бил сигурен дека царот сака да го награди него.

Аман: „Треба да ја облече наметката и да ја стави круната на царот, да биде качен на еден од коњите на царот и да биде воден по улиците на градот. Слугата на царот треба да оди покрај него и да вика: ова е човекот на кого царот сака да му оддаде чест“.

Царот: „Аман, направи го тоа за Мардохеј!“

Аман пребледел.

Во следната драма ќе слушнеш како продолжува оваа библиска случка.


Улоги: Раскажувач, царот, Естира, Аман, сопругата, слугата.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 09:06 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)