STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 115 (The greatest Christmas present)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

115. Најголемиот Божиќен подарок


Девојче: „Одвај чекам да дојде Божиќ. Годинава мојот список на желби е долг цел километар“.

Момче: „Се надевам дека најголемата желба ќе ми се оствари. Премногу сакам нов паметен телефон“.

Треба да почекаш малку подолго.

Девојче: „Да, за жал!“

Но, за среќа, не толку долго како Симеон.

Момче: „Кој е тој?“

Во Библијата е претставен вака: веќе не е толку млад, всушност, доста стар. Живеел во Ерусалим и бил верен на Бог. Требало да чека 40 години – можеби, дури и подолго – додека се исполнила неговата најголема желба.

Девојче: „Толку долго? И која му била најголемата желба?“

Неговата желба била поврзана со едно од Божјите ветувања.

Бог: „Симеон, ти ќе умреш откога ќе го видиш Спасителот на светот“.

Иако Симеон морал да чека предолго, никогаш не изгубил надеж, зашто знаел дека може да зависи од Бог.

Еден ден отишол во Храмот. И токму во тој миг пристигнале и Марија, Јосиф и бебето Исус. Кога Симеон го видел бебето, веднаш знаел: тоа е ветениот Спасител!

Симеон Го видел Исус. Тогаш му се исполнила најголемата желба. Тоа го направило порадосен отколку што можеле сите подароци во светот!

Со голема радост го зел бебето во рацете и се молел.

Симеон: „Господе, сега можам мирно да умрам, зашто го одржа Своето ветување кон мене. Моите очи го видоа Спасителот на светот“.

Некој напишал песна за Симеон:

(звук на музика)

Имаше еден стар, стар човек кој се викаше Симеон.
Најголемата желба му беше исполнета, зашто Го виде Божјиот Син.
Дојди, дојди кај мене, исто така, Спасителу, ја отворам вратата.
Дојди, дојди кај мене, исто така, Спасителу, ја отворам вратата.

Не знам дали сите твои желби ќе бидат исполнети за Божиќ. Но знам дека кога ќе посакаш Исус да влезе во твојот живот, како што се вели во оваа песна, тогаш Исус ќе ти ја исполни желбата денес.


Улоги: Раскажувач, девојче, момче, Бог, Симеон.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 05, 2021, at 01:24 PM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)