STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 114 (An angel came)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

114. Дојде ангел


Марко лежеше на килимот. Возбудливата книга му го задржуваше вниманието (звук на ѕвонче).

Марко: „Кој е на вратата во ова време?“ (звук на отворање врата)

Марко: „Алекс, тоа си ти? Од каде се појави ти?“

Изненадувањето беше успешно. Марко остана без зборови. Неговиот најдобар пријател се пресели пред две години и за целото тоа време се немаа видено.

Една млада девојка во Израел се сретнала со целосно неочекуван посетител.

Без закажување. Одеднаш застанал пред неа: ангел!

Таков е Бог. Доаѓа одеднаш. Кога никој не Го очекува.

Марија била вчудовидена.

Ангелот: „Не плаши се Марија. Бог те сака“.

Бог доаѓа и зборува со нас. И денес го прави тоа. Зборува со нас преку Неговото Слово, Библијата. Понекогаш зборува преку чуда или преку други луѓе. Во времето кога немало Библија често зборувал во сонови или испраќал ангели кај луѓето.

Ангелот: „Марија, Бог е со тебе. Ќе имаш машко бебе. Ќе му го дадеш името Исус“.

Марија: „Како е можно тоа? Не сум мажена и немам сопруг“.

Ангелот: „Бог ќе направи чудо во тебе. Светиот Дух ќе дојде врз тебе и ќе те осени. Затоа твојот син ќе се нарече Божји Син“.

Марија: „Ќе Му служам на Бог. Нека биде направено според твојот збор“.

Чудото се случило. Во штала, во Витлеем се родил Божјиот Син. Во Исус, Бог дојде во нашиот свет.

Бог дојде кај нас за ние да можеме да дојдеме кај Него.

Редовно го славам Божиќ, но ова чудо продолжува да ме воодушевува. Големиот Бог стана човек и дојде кај нас. Преку Исус Бог дојде близу до нас, толку близу што луѓето можеле да Го видат и да Го допрат. Тогаш тоа ги направило пастирите многу среќни.

Бог доаѓа кај нас и во Исус Тој може да дојде кај тебе.

Дали сакаш да Го поканиш во твојот живот? Можеш да го направиш тоа преку молитва, можеби, вака:

Марко: „Господе Исусе, Те молам дојди во мојот живот. Ја отворам вратата на моето срце за Тебе. Сакам да Ти припаѓам засекогаш. Ти благодарам за Твојата голема љубов кон мене“.

Бог доаѓа кај тебе за ти да можеш да дојдеш кај Него.


Улоги: Раскажувач, Марко, ангел, Марија.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:57 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)