STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 116 (Bill‘s special Christmas tree)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

116. Специјалното божиќно дрво на Бил


Боби: „Тоа е ужасно! Сите елки се распродадени. Мамо, премногу долго чекаше“.

Мајката: „Па, мислев дека, ако купиме подоцна, ќе бидат поевтини. Знаеш дека немаме многу пари“.

Боби: „Росица вчера се молеше за елка. Ќе биде разочарана, а и другите девојчиња“.

Боби помисли на татко му. Кога беше жив, секогаш навреме купуваа елка. Без него сè беше поразлично.

Мајката: „Боби, има една таму. Здраво, ја сакам таа елка, ве молам“.

Човек: „Таа не е за продавање. Таа е за моите деца. Ќе бидат многу разочарани, ако денеска не однесам елка дома. Честит Божиќ“.

Човекот си отиде. Боби и мајка му ги подигнаа гранките од ела што лежеа на земјата и ги однесоа дома. Четири тажни девојчиња ги пречекаа пред влезната врата.

Девојче: „Имате ли елка?“

Мајката: „Не. Многу ми е жал“.

Тивко сите седнаа на трпезата да вечераат. На Росица ѝ беше редот да се моли.

Росица: „Мил Господе Исусе, Те замолив да ни дадеш елка. Дали не ме слушна? Но, не грижи се за тоа повеќе. Сега е премногу доцна. Ти благодарам што ни даваш нешто да јадеме. Амин“.

Подоцна, кога девојчињата беа в кревет, Боби доби идеја. Внимателно, со џебниот нож направи засеци на рачката на метлата и со жици ги закачи гранките од ела. Ја стави рачката на метлата во кофа со песок за да стои, а потоа ја завитка со кафеава хартија.

Мајката: „Боби, елката изгледа прекрасно! Заврши одлична работа. Ќе ги земам украсите и ангелот за врвот. Девојчињата ќе бидат воодушевени“.

Росица беше најсреќна од сите.

Росица: „Боби, оваа е најубавата елка што некогаш сме ја имале. Исус навистина ми одговори на молитвата“.

Среќни, децата се сместија спроти мајка им додека гласно го читаше Божиќниот расказ.

(звук на вртење страници)

Мајката: „А Марија го роди својот првороден син, го завитка во пелени и го стави во јасли“.

Но зошто мајката го прочита и расказот за распнувањето на Исус?

Мајката: „Крстот на Господ Исус беше направен од дрво. Дрво многу поважно од елката. Јаслите и крстот одат заедно. Господ Исус дојде на земјата со цел да умре за нас. Божиќ не би бил ништо без крстот“.


Улоги: Раскажувач, Боби, мајката, човек, девојче, Росица.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:57 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)