STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 031 (Alarm on the farm)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

31. Аларм на фармата


Дали го знаеш Том? Тој живее на фарма во Јужна Америка. На неговиот роденден тој доби живо пиле. Том самиот се грижеше за него. Постепено пилето стана кокошка. Жолтите пердувчиња се преобразија во бели пердуви, па затоа Том ја нарече неговата кокошка „госпоѓа Бела“. Во шталата ѝ направи гнездо и секогаш кога госпоѓа Бела ќе снесеше јајце, таа гласно им го кажуваше тоа на сите. (кракање)

Како што житото на нивите растеше сѐ повисоко, госпоѓа Бела престана да несе јајца.

Том: „Мамо, што се случува со госпоѓа Бела? Таа веќе не несе јајца и исчезнува во нивите со жито“.

Мајката: „Само почекај, Том“.

Мајка му се насмевна додека зборуваше. А по неколку недели, Том дозна зошто.

Том: „Мамо, мамо, види!“

Од нивите доаѓаше госпоѓа Бела со цело јато пиленца. Том беше многу среќен.

(звук на сирена)

Еден ден се слушна аларм за пожар. Гореа нивите со жито! Огнот стигна речиси до фармата.

Том: „Каде е госпоѓа Бела? Дали таа…“

Том не сакаше да мисли за тоа додека ги пребаруваше сите ниви. Но што беше тоа? Том ја виде кокошката јагленосана пред неговите нозе. Тој ја дигна. А под кокошката ги најде сите нејзини пилиња исплашени и збиени едно до друго.

Том: „Како е можно ова?“

Мајката: „Животните брзо сеќаваат кога опасноста е близу. Кога огнот се приближил, пилињата барале заштита од нивната мајка. Кокошката можела да летне, но пилињата не можат да летаат. Госпоѓа Бела ги сакала нејзините пилиња и така ги раширила своите крилја над нив и дозволила огнот да ја изгори неа наместо нејзините пилиња. Таа самата се жртвувала за нејзините пилиња да останат живи“.

Таткото: „И љубовта на Исус може да биде споредена со ова. Том, никогаш не заборавај дека Исус го даде својот живот доброволно за ние да можеме да живееме“.


Улоги: Раскажувач, Том, Мајка, Татко.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:40 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)