STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 030 (Meeting Jesus )

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

30. Средба со Исус


Дали некогаш посакуваш да живееше пред 2000 години и тогаш да го запознаеше Исус? Да можеше да Го видиш и да Го слушнеш?

Мелани, како беше со тебе? Кога ти се сретна со Исус?

Мелани: „За време на детската програма што мајка ми ја организира во нашата куќа. Зборувавме за тоа дека на небото може да се стигне само преку Исус и за тоа како Тој може да ни ги прости сите гревови бидејќи умре за нас. И јас си размислував, ако некој кој никогаш не згрешил би можел да направи толку прекрасна нешта за другите, тогаш Тој мора многу да нè сака. Па јас решив да Го поканам во моето срце“.

Како го направи тоа?

Мелани: „Се помолив“.

Што се случи потоа?

Мелани: „Потоа можев да Му кажам сè што ме прави тажна и можев да Му се заблагодарам за Неговата добрина и помош. Тој ме направи нова личност и знам дека секогаш ќе имам Некој на Кого можам да Му верувам и никогаш нема да ме разочара“.

Сара, и ти Го запозна Исус. Кажи ни како се случи тоа.

Сара: „Преку песна која навистина ми се допаѓа (Пуштете соодветна музика во заднината):
Нема никој премногу богат, никој премногу сиромашен, нема никој премногу голем или премногу мал.
Нема никој премногу едноставен и никој не е премногу добар; неговата љубов е за сите нас.
Бог ја отвора вратата за секој човек – за секој човек кој Го бара. Тој ја зема вината и наместо тоа дава љубов, зашто Тој го одржува Својот збор.
Додека ја пеев таа песна сфатив дека тоа е вистина за мене. Таа вечер разговарав со мајка ми за тоа и се молев со неа. Така јас го запознав Исус. Го замолив да дојде во мојот живот. И се чувствував како огромен товар да падна од моите раменици – се чувствував многу слободна! Во секој случај, никој не смее да се двоуми во врска со средбата со Исус – тоа е одлично“.

Исус сака да Го запознаеш, затоа што те сака.

Тој рече: „Кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор“ (Јован 6:37).

Зошто не направиш како Мелани – исповедај Му ги твоите гревови и, како што направи Сара, замоли Го да дојде во твојот живот. Исус одговара на молитвата. Ти ќе станеш Божјо дете.


Улоги: Раскажувач, Мелани, Сара.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:39 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)