Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 029 (Behind closed doors)
29. Зад затворени врати
Ученик: „Јован, затвори ја вратата – не им верувам. Прво го убија Исус, а потоа ќе дојдат и по нас“. (звук на врата која се затвора)
Малодушни, учениците на Исус седнале зад затворена врата. Зар не знаеле дека Исус воскреснал? Најпосле, Марија разговарала со Него.
(тропање)
1 ученик на патот кон Емаус: „Тоа сме ние!“
2 ученик на патот кон Емаус: „Отворете!“
Ученик: „Клеопа, зошто не си дома?“
1 ученик на патот кон Емаус: „Зборувавме со Исус! Тој е жив!“
Ученик: „Каде Го видовте? Раскажете сè!“
2 ученик на патот кон Емаус: „Отпрво, воопшто не Го препознавме“.
1 ученик на патот кон Емаус: „Вака беше: ние одевме и разговаравме. Одеднаш, еден човек дојде до нас и ни се придружи во нашиот разговор“.
2 ученик на патот кон Емаус: „Тој нè праша за што разговараме. Јас реков: зар ти си единствениот кој не знаеш што се случи во Ерусалим, дека Исус беше распнат? Тој ни објасни дека Бог веќе го предвидел ова и дека морало да се случи токму вака“.
1 ученик на патот кон Емаус: „Тој навистина го познаваше Писмото. И нашиот разговор нè смири. Времето помина и веќе беше темно кога пристигнавме во градот“.
2 ученик на патот кон Емаус: „Го поканивме на вечера. А потоа се случи: Тој зеде малку леб, се молеше, го скрши лебот на половина и ни го даде. А тогаш Го препознавме: ИСУС! Но кога разбравме кој беше, Тој исчезна. Токму пред нашите очи – Него го немаше повеќе“.
1 ученик на патот кон Емаус: „Тоа е вистина, целата вистина! Зборувавме со Исус, а потоа трчавме назад колку што е можно побрзо да ви кажеме дека Тој е жив“.
Кога луѓето ќе се сретнат со Исус, тие не можат да го чуваат тоа само за себе и, едноставно, мораат да им кажат на другите луѓе за Него. Додека двајцата им кажувале на другите луѓе што се случило, одеднаш Исус се појавил токму таму во собата.
Тој им ги покажал рацете и нозете.
Исус: „Мирот нека биде со вас. Јас сум“.
По ова учениците поверувале. Добро е да се слушне за Исус. Средбата со Исус ги отстранува сите сомневања и дава радост.
Во следната драма, Мелани и Сара ќе ни раскажат како тие Го сретнале Исус.
Улоги: Раскажувач, ученик, 2 ученици на патот кон Емаус, Исус.
© Copyright: CEF Germany