Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 023 (Peter starts again 8)
23. Петар започнува повторно 8
Момче: „Што се случува со Петар?“
Девојче: „Изгледа многу поразличен денеска“.
Момче: „Тој едноставно не се шегува како обично“.
Девојче: „И многу е тивок“.
Петар изгледаше многу намуртен. Тој носеше ранец, невидлив, тежок ранец. Што би можело да има во него? Тој никогаш не зборуваше за тоа.
Чудно, кога и да беше во неделното училиште, тој особено ја чувствуваше тежината на ранецот. Петар знаеше дека никогаш не може да Му угоди на Бог додека го носи тој товар.
Длабоко замислен тој отиде дома. Сакаше да биде сам и отиде право во својата соба.
Неговите мисли се вртеа околу товарите што ги носеше:
• Предметите што ги украде од продавницата,
• Парите што тајно ги извади од паричникот на мајка му,
• Лагите и валканите шеги што ги кажа со цел да ги импресионира луѓето.
Ова не може да продолжи вака, помисли Петар. Преку расказите од Библијата тој знаеше дека Исус може да направи сè ново. Нов почеток, тоа го сакаше Петар, и затоа направи нешто што го немаше направено дотогаш: се молеше. Многу искрено разговараше со Исус и Му кажа колку му е жал за сè.
Тој разговараше со Оној кого не можеме да го видиме, но Кој е секогаш со нас и секогаш нè слуша.
Петар: „Господе Исусе, Ти благодарам многу што ме сакаш и покрај тоа што знаеш сè за мене. Те молам прости ми за лагите, за крадењето и за моите лоши зборови. Направи го моето срце чисто, дојди во мојот живот и биди мој Господ. Амин“.
Откога се помоли, на Петар многу му олесна, бидејќи Исус веднаш одговара на такви молитви. Радосно, тој рече:
Петар: „Ти благодарам, Господе Исусе, затоа што ми прости и секогаш ќе бидеш со мене“.
Другите забележаа дека Петар е изменет. Тој им ја кажа причината, дури и кога некои од нив се потсмеваа и не го разбираа.
Дали тежок ранец те притиска и тебе?
Не знам што има во твојот ранец, но знам дека можеш сè да Му кажеш на Исус. Направи го тоа како Петар!
Ако го направиш, ќе сакам да го слушнам тоа од тебе.
Улоги: Раскажувач, две деца, Петар.
© Copyright: CEF Germany