STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 088 (The big contest question)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

88. Прашањето за големиот натпревар


Прашање на натпреварот: кој е најмудар?

Девојче: „Тоа би бил Стефан, миленичето на наставникот“.

Момче: „Мислам дека мозокот на Диме работи како компјутер“.

Девојче: „Ох, тој. Мисли дека е паметен, нo...?“

Може ли да помислите на некој друг?

Момче: „Професор на универзитет“.

Девојче: „Или некој толку паметен што измислил нешто“.

Момче: „На пример, Ајнштајн или Питагора“.

На моето прашање сè уште не е одговорено.
Дали знаете која е најмудрата личност?
Слушнете што пишува во Библијата за тоа.
Што мислел Исус за тоа кој е најмудар? Обрати големо внимание зашто имаш можност да станеш најмудра личност.

Исус: „Секој кој ги слуша Моите зборови и ги применува е мудра личност. Тој е како човек кој ја изградил куќата на карпа. Тоа значи дека поставил цврста основа, иако подоцна тоа не може да се види. Неговата куќа стои цврсто на цврста почва. Кога фати бура и ја поплави земјата, кога дуваа силни ветрови и врнеа поројни дождови неговата куќа стоеше цврсто. Не падна затоа што имаше таква цврста основа.
Но секој кој ги слуша Моите зборови и не ги применува е безумен. Тој е како човек кој ја изградил својата куќа на песок. Кога фати бура и дуваа силни ветрови куќата се распадна. Куќата се урна, а штетата беше голема“.

Луѓето кои го слушале Исус како зборува биле вчудовидени. Ниту една титула, ниту напис, ниту големи зборови не се знаци за мудра личност. Тогаш што е?

Има начин како можеш да препознаеш дали некој е мудар или не.

Ако имаш Библија, те молам прочитај Матеј, глава 7, стих 24.

Матеј, глава 7, стих 24 ти го кажува одговорот на прашањето на овој натпревар со два збора. Кој е мудар?

Контактирај ме со твојот одговор. Ќе учествуваш ли?

И тогаш размисли дали ти си еден од тие кои Исус ги нарекува мудри.


Улоги: Раскажувач, момче, девојче, Исус.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:52 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)