STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 066 (He’s finally here)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

66. Најпосле е тука


Сашо: „Кога конечно ќе дојде?“

Сашо одвај чекаше. Продолжи да трча кон прозорецот.

Сашо: „Мамо, кога ќе дојде тато дома?“

Мајката: „Нема да биде премногу долго. Планот е денеска да дојде дома од службеното патување. Се надевам дека нема да заглави во сообраќајот“.

Сашо: „Ќе ми донесе нова компјутерска игра. Кога би можел да дојде сега!“

Кога би можел да дојде! Луѓето во Израел го помислиле ова пред многу години. Чекале и се надевале дека набрзо ќе дојде Спасителот Кој го ветил Бог. Андреј одвај чекал. Со нетрпение го чекал Оној Кој ќе донесе спасение и мир. Најмногу сакал да биде со Јован. Секогаш зборувал за Него и дури Го имал видено!

Тогаш дошол најубавиот ден во животот на Андреј.

Застанал покрај Јован кај реката Јордан, кога Јован одеднаш извикал:

Јован: „Гледајте, Тој е овде: Исус! Ветениот Спасител“.

Андреј гледал таму каде што стоел Исус.

Андреј: „Овде е! Конечно е овде“.

Андреј сакал да Го запознае Исус. Тргнал со пријателите да Го следи Исус. Исус точно знае кој Го бара и кој сака да Го запознае. Се свртел и прашал:

Исус: „Кого барате? Што сакате?“

Андреј: „Каде живееш?“

Исус: „Дојдете со Мене и ќе ви покажам“.

Со голема радост и возбудени отишле со Исус. Виделе каде живее и цел ден останале со Него.

Да се биде со Исус е најголема радост. Ја имаш ли таа радост? Андреј бликаше од радост. Едноставно, мораше да каже некому за тоа прекрасно искуство.

Пренеси – тоа е тоа! На кого ќе кажеш за Исус денеска?

Андреј прво му кажал на неговиот брат.

Андреј: „Симон, Го најдовме! Исус е овде. Дојди со мене, мора да Го запознаеш!“

Возбудата на Андреј била заразна. Симон му поверувал на брат му и отишол со него. И Исус како да го чекал. Исус дури му го знаел името.

Исус: „Ти си Симон. Но отсега ќе се нарекуваш Петар“.

Ново име. Ова значело дека Исус ќе го направи нова личност. Наоѓањето и следењето на Исус ќе нè измени.

Тоа ме охрабрува, зашто Тој ме менува и мене.


Улоги: Раскажувач, Сашо, мајката, Јован, Андреј, Исус.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:47 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)