STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 067 (Proof of Jesus)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

67. Доказ за Исус


Сара: „Како да знам дека сето ова е вистина?“

За што мислиш?

Сара: „За Исус. Можеш ли да докажеш дека Тој навистина е Божјиот Син?“

Можеш ли да докажеш дека ти си Сара?

Сара: „Со мојата лична карта. Штета што Исус немал лична карта“.

Ќе ти покажам пет лични карти на Исус!

Сара: „Имал пет лични карти? Вистина ли е тоа?“

Исус ја добил првата лична карта од Бог. При Неговото крштавање од небото се слушнал глас.

Бог (со ехо): „Овој е Мојот возљубен Син, верувајте Му“.

Втората лична карта е Библијата. Сите пророштва за Божјиот Син се исполнија целосно во Исус.

Третиот доказ за Божјиот Син е воскресението. Тој живее. Многу сведоци Го виделе.

А четвртата лична карта Му ја издадоа луѓето. Луѓето кои Го познавале рекле:

Човек: „Овој навистина е Божјиот Син“.

Сара: „Недостасува една лична карта“.

Дојди и ќе ти го покажам овој доказ во Кана. Се славела свадба. Градот славел седум дена со невестата и младоженецот. И Исус и Неговите пријатели биле поканети. Патем, тие не биле секогаш сигурни дека Исус е Божјиот Син.

Гостите биле среќни – пееле, танцувале, играле, јаделе и пиеле. Потоа се случило ова: нема повеќе вино. Нема ништо за пиење во целата куќа.

Сара: „Многу срамно!“

Марија забележала прва. Му кажала за тоа на Исус, а Тој им кажал на слугите:

Исус: „Наполнете ги бурињата до врвот со вода“.

Извлекле 160 литри вода од бунарот. А потоа?

Исус: „Наполнете пехар и однесете го на старосватот. Нека проба“.

Старосватот зел, пробал една голтка и брзо отишол кај младоженецот.

Старосватот: „Од каде го зедовте ова вино? Никогаш не сум пробал нешто толку вкусно во мојот живот како ова“.

Исус преобразил чиста вода во најдобро вино!

Тоа е првото чудо што го направил Исус. Чудата се доказ, лична карта на Исус за да покаже дека Тој навистина е Божји Син. Учениците го виделе ова чудо и поверувале во Исус.

Пет лични карти за Божјиот Син. Тие се доволен доказ за мене. Јас верувам во него. А ти?


Улоги: Раскажувач, Сара, Божјиот глас, човек, Исус, старосватот.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:47 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)