Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 059 (Tears on Christmas 1)
59. Солзи на Божиќ 1
Во христијанскиот интернат сите се подготвуваа да заминат. Туреjа со нетрпение го очекуваше божиќниот одмор. Татко ѝ ја зеде. Патувањето до дома беше долго. Туреја размислуваше за многу нешта.
Туреја: „Тато, дали Рахеде ќе ме препознае повторно? Како е Хасан?“
Туреја беше среќна да ги види браќата и сестрите и мачето и кучето.
Кога пристигнаа до нивното село видоа светлина од свеќи на прозорците. Надвор во ноќта летаа светулки. А девојките кои црпеа вода од бунарот извикаа:
Девојките: „Здраво Туреја! Среќни сме што се врати. Како си? Ќе ни раскажеш ли за училиштето?“
Туреја: „Да. Но утре. Веќе е доцна. Дојдете и посетете ме“.
Нејзината мајка ѝ го подготви на Туреја омилениот појадок. Имаше многу нешта за кажување. Иако Туреја ја немаше долго време, сепак беше како порано. Но едно нешто беше различно! Размислуваше за тоа кога легна на нејзиниот душек да спие.
Беше Божиќ. Никој во селото нема да слави. Туреја беше единствената која го сакаше Исус. Сакаше да слави, но не знаеше како.
Туреја: „Имам идеја. Утре ќе станам многу рано и ќе ја читам Библијата“.
И го направи тоа. Се извлече од куќата и се искачи на ридот. Таму седна сама и читаше за Марија, Јосиф и бебето Исус.
Туреја: „Исус дојде, но Неговите луѓе не Го прифатија. Господе Исусе, тогаш вратите на Витлеем беа затворени, а денес срцата се затворени“.
Кога Туреја имаше десет години Го покани Исус во нејзиниот живот и поверува во Него како нејзин Господ и Спасител.
Хасан: „Туреја, те барав. Што читаш?“
Дали брат ѝ ќе ја предаде, ако му раскаже нешто од Библијата? Тоа би можело да доведе до страшни последици за неа. Но, во секој случај, го направи тоа. Во целиот свет ѕвоната ѕвонеа на Божиќ, а во исто време малото момче првпат го слушна расказот за Исус.
Божиќниот ден почна прекрасно, но на крајот на денот, имаше солзи. Зошто? Ќе ви раскажам во следната драма.
Улоги: Раскажувач, девојче, Туреjа, Хасан.
© Copyright: CEF Germany