STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 014 (A slap for the King)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

14. Шамар за царот


Многу, многу одамна викинзите ја нападнале Англија. Тие диви морнари ширеле страв и паника. Краделе, убивале и палеле куќи и цркви.

Еднаш кралот Алфред ги победил, но потоа тој бил поразен. Неговите непријатели го гонеле. Бил принуден да излезе од својот замок и да избега.

Тој се преправил како скитник и се скрил во шумата. Непрепознатлив крал! Само на неколкумина луѓе им кажал кој е тој. Еден од тие луѓе бил овчарот Улфрик. Тој никогаш не би го предал својот крал. Го поканил во неговата куќа, но дури ниту неговата жена не знаела кој бил нивниот гостин. Таа била изненадена што нивниот гостин само седи на масата, длабоко замислен. Не го препознала како крал.

Еден ден таа почнала да се расправа:

Жена: „Доста ми е! По цел ден само седиш овде и не правиш ништо. Внимавај да не изгори колачот. Одам до бунарот да наполнам вода“.

Кралот Алфред тивко отишол до шпоретот. Тој размислувал за неговите непријатели. Можеби има друг начин да победи…

Шлаканицата по лицето го разбудила од неговите размислувања. Жената се вратила, колачот бил изгорен, а мирисот ужасен.

Жена: „Ти мрзлив човеку! Бегај оттука!“

Во тој миг нејзиниот сопруг влегол во кујната.

Маж: „Жено, како се осмелуваш да зборуваш со кралот на таков начин! Зар не го препознаваш?“

Што се случило потоа, никогаш нема да знаеме.

Но оваа приказна за непрепознаениот крал ме потсетува на Господ Исус. За Него било уште полошо, зар не? Кога пред 2000 години лежел во јаслите, ретко кој го препознал. И подоцна луѓето не го сакале Божјиот Син. Осуден и презрен умрел на крстот.

А денес? Денес Тој често е непрепознаен Цар.

Ќе Му дозволиш ли да биде Цар на твојот живот?


Улоги: Раскажувач, жена, маж.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on October 12, 2021, at 11:14 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)