Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 106 (End of the line 6)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

106. Крајот на патот 6


Дајте предност – Еднонасочна улица – Слепа улица – Нема паркиралиште – Дајте предност – СТОП!

Ако нема сообраќајни знаци нашите градови би биле хаотични. Без патокази, нашата земја би била лавиринт.

Големиот народ скитал во пустината. Немало улици и патеки. Но имало патоказ. Скриен во столб од облак, Бог одел пред него. Тој го извел од ропство во Египет кон ветената земја.

Кој е како Бог кој води само кон добро?

Кога ќе застанел столбот од облак, луѓето можеле да се одморат. Кога се движел, целиот народ се движел со него. Ноќе бил огнен столб и ја осветлувал ноќта посилно од најсветлиот рефлектор.

Кој е како Бог кој води само кон добро?

Израелец: „Облакот престана да се движи. Овде можеме да ги поставиме нашите шатори“.

Израелка: „Директно на брегот на Црвено Море. Тое е добро“.

Дете: „Дали смееме да одиме на пливање?“

Израелец: „Јас, јас не гледам јасно. Свртете се!“

Израелка: „Не е можно. Доаѓаат!“

Израелец: „Нè бркаат Египќаните! Тешко нам!“

Израелка: „Мојсеј, зошто нè доведе во оваа ужасна пустина?“

Мојсеј: „Не плашете се! Кој бог е како нашиот Бог? Тој ќе се бори за нас“.

Одеднаш голем облак се појавил меѓу Израелците и Египќаните. На страната на непријателите било темно, а на страната на Израелците било светло.

Кој е како Бог кој може да помогне на таков начин? Ништо не е невозможно со Него!

Мојсеј во рацете имал стап од Бог и го држел над Црвено Море (звук на разбранувана вода).

Израелец: „Чудо! Видете го ова! Точно на средината на морето има патека“.

Израелка: „Лево и десно има ѕидови од вода. Бог го направи ова за нас“.

Кој е како Бог кој може да прави такви чуда?

Било вистина: среде морето имало сува патека. Сите Израелци оделе по таа патека и пристигнале на другата страна.

Првиот Египќанец: „Одете по нив. Патеката низ морето е и за нас“.

Вториот Египќанец: „Еј, тркалата на кочијата потонаа. Осудени сме на пропаст. Бог се бори против нас“.

Тоа биле последните зборови на Египќаните. Од двете страни ѕидовите од вода се урнале врз нив. Водата ја покрила целата египетска војска.

Израелците: „Спасени сме! Спасени сме! Нашиот Бог засекогаш ги победи нашите непријатели“.

Пресреќни тие пееле благодарна песна на Бог.


Улоги: Раскажувач, Израелец, Израелка, дете, Мојсеј, двајца Египќани.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:55 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)