Home
Links
Contact
About us
Impressum
Site Map


YouTube Links
App Download


WATERS OF LIFE
WoL AUDIO


عربي
Aymara
Azərbaycanca
Bahasa Indones.
বাংলা
Български
Cebuano
Deutsch
Ελληνικά
English
Español-AM
Español-ES
فارسی
Français
Fulfulde
Gjuha shqipe
Guarani
հայերեն
한국어
עברית
हिन्दी
Italiano
Қазақша
Кыргызча
Македонски
മലയാളം
日本語
O‘zbek
Plattdüütsch
Português
پن٘جابی
Quechua
Română
Русский
Schwyzerdütsch
Srpski/Српски
Slovenščina
Svenska
தமிழ்
Türkçe
Українська
اردو
中文

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 003 (Pig slop or banquet dining)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

3. Помија или гозба


Таткото тажно стоел пред прозорецот. Пред неколку дена неговиот најмлад син го оставил. Тој, едноставно, си заминал. Со него ги зел парите од наследството и заминал. Тој дури не се свртел ниту еднаш!

Таткото го сакал. Каде е неговиот син? Што прави?

Очигледно, му одело добро. Тој имал многу пари, многу пријатели. Одел од една забава на друга. Се забавувал, се смеел, многу пиел, а правел и нешта за кои знаел дека се погрешни. Тој, едноставно, ѝ се препуштил на толпата. Не поминало долго време и останал без пари. А ги снемало и неговите пријатели.

Тоа што синот останал без работа било голем проблем. Набрзо се вработил кај некој свињар. Хранење свињи со помии – најлоша работа што можел да ја работи! Стомакот му кркорел од глад и тој бил подготвен да ја јаде помијата што им ја давал на свињите, но не му било дозволено. Гладен и во парталава облека тој седел покрај смрдливите свињи и размислувал.

Татко му го сакал – дали размислувал за тоа?

Одеднаш, станал и решил нешто. Тој рекол:

Синот: „Ќе си одам дома и ќе му кажам на татко ми дека ми е жал што згрешив против него, со тоа што тргнав по мојот пат“.

Навистина, тој сакал да го признае ова пред неговиот татко.

Слушни го ова: уште кога синот бил далеку, далеку од куќата на татко му, татко му го видел како доаѓа. Тој го сакал својот син и потрчал да го пречека!

Пред синот да каже еден збор, татко му го прегрнал и го бакнал. Пресреќен ги повикал слугите и им рекол:

Таткото: „Брзо! Донесете чиста облека, прстен и чевли. Подгответе гозба! Ќе славиме зашто мојот син е тука! Тој беше мртов, но оживеа! Беше изгубен, но сега е пронајден и се врати кај мене!“

Како што таткото толку многу го сакал својот син, на ист начин Бог нѐ сака тебе и мене. Тој сака ние да дојдеме кај Него и да живееме со Него. Затоа Исус ја раскажал оваа случка.

Дали сакаш да знаеш повеќе за Божјата љубов и како да дојдеш кај Него? Тогаш, те молам, пиши ми!


Улоги: Раскажувач, Син, Татко.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:33 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)