STORIES for CHILDREN by Sister Farida(www.wol-children.net) |
|
Home عربي |
Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 002 (The storm rages) This page in: -- Albanian -- Arabic -- Armenian -- Aymara -- Azeri -- Bengali -- Bulgarian -- Cebuano -- Chinese -- English -- Farsi -- French -- Fulfulde -- German -- Greek -- Guarani -- Hebrew -- Hindi -- Indonesian -- Italian -- Japanese -- Kazakh -- Korean -- Kyrgyz -- MACEDONIAN -- Malayalam? -- Platt (Low German) -- Portuguese -- Punjabi -- Quechua -- Romanian -- Russian -- Serbian -- Slovene -- Spanish-AM -- Spanish-ES -- Swedish -- Swiss German? -- Tamil -- Turkish -- Ukrainian -- Urdu -- Uzbek
КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца
2. Бурата беснееОдеднаш фатила бура (звуци: бура, гром, дожд). Бранови удирале во чамецот и го фрлале напред – назад. Бурата била силна. Екипажот поцврсто ги стегнал веслата. Мажите биле исплашени бидејќи знаеле колку опасна може да биде таквата бура на Галилејско Море. Еден голем бран пак удрил во чамецот. Ветерот завивал, а морето рикало. Можеле ли да се спасат? Некои од мажите на бродот биле рибари. Тие веќе имале искусено такво невреме, но таа бура била посилна од која било друга бура што ја имале доживеано. Учениците: „Помош! Тонеме!“ Додека тие се бореле за нивните животи, Исус лежел во задниот дел на бродот – и спиел! Во најлошиот миг на невремето тие отишле кај Исус и почнале да викаат: Учениците: „Исусе! Зар не ти е грижа, ако се удавиме? Мораш да ни помогнеш! Тонеме!“ Кон кого повикуваш кога брановите на стравот и грижата удираат врз бродот на твојот живот? Исус е Господ над сѐ. Тој се исправил и му викнал на ветерот. Исус: „Тишина! Смири се!“ Ветерот веднаш стивнал и престанал. Како воопшто да немало бура. Учениците биле восхитени од тоа чудо. Учениците: „Кој е овој Исус? Дури и ветерот и брановите му се покоруваат!“ Исус е Господ: Господ над цела природа, како и над болестите и злите духови. Исус е Господ и над смртта. Никој не е како Него и никој не може да го прави тоа што Тој го прави. А учениците помислиле дека тие, бродот и Исус ќе потонат. Исус: „Каде е вашата вера? Зошто се плашите?“ Тие морале да си го постават истото прашање што им го поставил Исус. Исус е Господ над брановите во твојот живот. Разговарај со Него за брановите, како што се твоите потреби, грижи, проблеми во училиштето, болести. Исус е Господ, затоа не плаши се, и, наместо тоа, верувај Му. Улоги: Раскажувач, учениците, Исус. © Copyright: CEF Germany |