STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 062 (Finally at the goal 2)

Previous Piece -- Next Piece

DRAMAS -- perform them for other children!
Plays for children to perform

62. Најпосле на целта 2


Разочарани мудреците од Исток заминале од Ерусалим, од палатата на царот.

Тие уште го барале Исус, новородениот Цар. Дошле со цел да Му се поклонат и да им покажат на сите луѓе дека Тој е Господ на нивните животи.

Но не го нашле во Ерусалим. Било темно кога заминале од градот.

Првиот мудрец: „Зошто царот Ирод беше толку вознемирен?“

Вториот мудрец: „И зошто сакаше да знае кога точно се појави ѕвездата?“

Првиот мудрец: „Еве ја повторно! Ѕвездата што ни покажа дека се роди Царот на Евреите“.

Мажите од Вавилон биле многу среќни кога ја виделе ѕвездата.

Замисли! Ѕвездата се движела пред нив на небото и им го покажувала патот до Витлеем.
Ѕвездата застанала токму над една куќа, зашто во таа куќа живееле Марија и Јосиф со бебето Исус.
Тие живееле таму и нашле сместување по пописот кога сите други луѓе си заминале дома.

И сега, конечно, мудреците биле на крајот на нивната потрага.

Влегле во куќата и ги нашле Марија и Јосиф. И со свои очи го виделе бебето Исус, Царот Кој што Бог Го испратил.

Воодушевени, се поклониле пред Исус и го обожавале.
Сакале да Му припаѓаат; Тој требало да биде нивниот Цар и да владее во нивните животи.

Дали Исус е и твој Цар? Дали Му е дозволено да те води низ целиот живот?

Нема ништо подобро за тебе и за мене во целиот свет од тоа Исус да биде Цар на нашите животи.

Мудреците Му припаѓале на Исус. Ги отпакувале подароците – биле многу благодарни! Злато, скапи мириси и темјан биле подароците за вечниот Цар.

Најскапоцениот подарок што можеме да Му го дадеме се нашите животи. Кој ќе му го даде својот живот на Исус ќе добие голема награда.


Улоги: Раскажувач, двајца мудреци.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on November 13, 2021, at 09:50 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)