STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 061 (A new star 1)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

61. Нова ѕвезда 1


Милијарди ѕвезди блескале на ноќното небо. Мажи од Вавилон со телескоп го набљудувале блескавото небо.

Првиот мудрец: „Погледнете, нова ѕвезда! Таква каква што немало никогаш досега“.

Вториот мудрец: „Во право си. Одеднаш нова ѕвезда. Што значи тоа?“

Тие мудри мажи знаеле многу за астрономијата. За да го најдат одговорот на прашањето, тие проучувале камени плочи и долги свитоци.

Првиот мудрец: „Еве, овде е: ѕвездата покажува дека е роден Царот на Евреите“.

Вториот мудрец: „Многу особен Цар! Најдоброто нешто што треба да го направиме е да одиме да го најдеме, а потоа да му се поклониме. Тој треба да стане и наш цар“.

Се родил Исус, вечниот Цар.

Бог прво им кажал на пастирите, а потоа на мудреците во Вавилон.

Набрзо потоа, мудреците ги натовариле патните торби и подароците на нивните камили. Тие морале да поминат растојание од над 1000 километри. Нивното патување траело повеќе месеци. Но Исус им бил многу важен. Сакале да Му се поклонат и да им покажат на сите дека Го прифаќаат како Господ во нивните животи.

Дали оваа божиќна сезона ќе Му го покажеш истото? Дали сакаш Тој да биде и твој Господ и Спасител?

Уморни, мудреците конечно пристигнале до големиот град Ерусалим.

Првиот мудрец: „Каде е новородениот Цар? Ја видовме Неговата ѕвезда и дојдовме да Му се поклониме“.

Никој не им одговорил. Луѓето биле збунети и ги продолжиле своите работи. Царот Ирод бил најмногу вчудовиден. Тој ужасен цар, од кого секој се плашел, бил исплашен да не го загуби тронот. Брзо ги повикал своите писари да дојдат кај него.

Ирод: „Дали знаете каде ќе се роди овој цар на Евреите?“

Писарот: „Се разбира, знаеме. Го проучувавме Божјото Слово. Царот ќе дојде од Витлеем“.

Тие зборови го прободеле Ирод како меч. Но не дозволил никој да го види неговиот страв. Тајно ги прашал мажите од Вавилон:

Ирод: „Кога се појави ѕвездата? Кога првпат ја видовте?“

Сигурно, тие му го кажале датумот. Тогаш го знаел тоа што му треба.

Ирод: „Одете во Витлеем и барајте го детето. Кога ќе го најдете вратете се да ми кажете, за и јас да му се поклонам“.

Дали навистина сакал да го направи тоа? Не. Тој ужасен лажго сакал да биде единствен цар и затоа сакал да го убие овој млад цар. Мудреците заминале од Ерусалим.

Во следната драма ќе слушнеш што се случило потоа.


Улоги: Раскажувач, двајца мудреци, Ирод, писар.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:46 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)