STORIES for CHILDREN by Sister Farida

(www.wol-children.net)

Search in "Macedonian":

Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 060 (Christmas – so different 2)

Previous Piece -- Next Piece

КУСИ ИЗВЕДБИ – одглуми ги пред други деца!
Куси изведби за да ги изведуваат деца

60. Божиќ – толку различен 2


Во малото село на планината никој не славеше Божиќ. Никој не беше среќен за тоа што Господ Исус се родил. Различно беше со Туреја. Тоа утро таа тајно на нејзиниот брат му го раскажа расказот за Марија, Јосиф и бебето Исус. Сакаше да слави Божиќ, но не знаеше како.

Во христијанското училиште имаа божиќни дрвца, подароци, светилки и песни, но не и овде. Ја облече престилката, го замеси тестото за леб, извади вода од бунарот и ги измолзе козите. Ја правеше среќна тоа што можеше да ѝ помага на нејзината уморна мајка. Тоа, исто така, беше начин да го слави Божиќ. Вечерта дојдоа многу гости. Сите роднини сакаа да ја видат Туреја, бидејќи таа беше дома само за време на училишниот распуст.

Јадеа печен зајак и леб. На сите им беше многу вкусно.

По јадењето Хасан наеднаш рече:

Хасан: „Туреја, раскажи ни ја приказната за бебето Исус во јаслите, таа која ми ја раскажа утрово“.

Во собата стана опасно тивко. Името на Исус не беше добредојдено овде и поради таа причина, луѓето налутено ја погледнаа Туреја. Армин, нејзиниот братучед, се пошегува со неа.

Армин: „Тоа ли те учат тие во училиштето? Никогаш не си кажала за тоа!“

Туреја молчеше. Се чувствуваше сама и отфрлена. Исто како што Исус се чувствувал пред многу години. Но, што и да се случеше, таа сакаше да Му остане верна. Татко ѝ проговори:

Таткото: „Се разбира, Туреја не верува во приказните во Библијата. Ние имаме различна религија, таа го знае тоа. Така ли е Туреја?“

Туреја: „Но јас верувам во Исус. Тој е единствениот пат да одиме на небото. Исус рекол: Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене“ (Јован 14:6).

Ледена тишина, а мрачни погледи се свртеа кон 13-годишното девојче. Туреја ја повредуваше тоа што другите го отфрлаа Исус. Истрча надвор и плачеше. Таа беше единствената која Го сакаше Исус. Зошто другите не Го сакаат? Туреја немаше одговор.

Одеднаш малиот брат Хасан застана до неа.

Хасан: „Туреја, ми се допаѓаат твоите приказни. Сакам да бидам ист како тебе“.

Туреја се насмевна. Повеќе не беше исплашена. Божиќната радост дојде во нејзиното срце. Го славеше Божиќ со Исус во нејзиното срце!


Улоги: Раскажувач, Хасан, Армин, Туреја, таткото.

© Copyright: CEF Germany

www.WoL-Children.net

Page last modified on August 08, 2023, at 08:46 AM | powered by PmWiki (pmwiki-2.3.3)