Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 026 (A friend betrays Jesus)
26. Пријател го предава на Исус
Пријател или непријател? Што мислиш?
Тој брзо одел по тесните улици на Ерусалим. Загрижен, погледнал зад себе и конечно пристигнал во куќата на Првосвештеникот. Зад затворена врата биле направени плановите. Тие луѓе сакале да го убијат Исус. Некој ја отворил вратата и бил изненаден кога го видел ученикот на Исус како стои таму.
Пријател оди кај непријателот – што треба да значи тоа?
Јуда: „Што ќе ми дадете, ако ви го кажам местото каде што можете да го фатите Исус?“
На лицата на присутните се појавила злобна насмевка.
Првосвештеникот: „Ќе ти дадеме 30 сребреници“.
Договорот бил брзо склучен. Задоволен од самиот себе, Јуда заминал од палатата.
Совеста: „Јуда, ти си ученик на Исус. Како можеше да го предадеш за неколку парички?“
Неговата совест сигурно го осудувала многу. Цели три години тој бил – барем надворешно – пријател, но неговото срце било далеку од Исус. И дотогаш го чекал вистинскиот миг да го предаде Исус. Но Исус знаел сè; Тој целосно ја познавал секоја личност. Тоа морало да се случи.
Исус знаел дека треба да умре и се молел во градината во Гетсеманија.
Одеднаш се слушнале многу гласови и викотници. Јуда и војниците дошле со факли и мечови.
Пријател или непријател?
Еднаш Исус рекол: „Кој не е со Мене тој е против Мене“.
Со бакнеж, што е знак за пријателство, Јуда го предал неговиот Господ.
Брзи како молња војниците скокнале и го фатиле Исус.
Тие кон Него се однесувале многу свирепо. Го тепале, Го камшикувале и Го плукале в лице. Потоа тие Го одвлечкале невиниот до судијата.
Лажни сведоци Го обвиниле. Храмскиот служител викнал:
Храмски служител: „Ништо ли нема да кажеш во своја одбрана?“
Исус молчел и не кажал ништо.
Првосвештеникот: „Кажи ни сега – дали Ти си Божји Син?“
Исус: „Јас Сум Тој“.
Луѓето: „Никогаш!“
Луѓето: „Не Му веруваме!“
Луѓето: „Тој заслужува смрт!“
Луѓето: „Однесете Го!“
Луѓето: „Тој мора да умре!“
Тие не сакале да поверуваат. А потоа?
Расказот продолжува во следната драма.
Улоги: Раскажувач (& совест), Јуда, Првосвештеник, Храмски служител, Исус, луѓе.
© Copyright: CEF Germany