Home -- Macedonian -- Perform a PLAY -- 011 (Jesus is born)
11. Исус е роден
(врева од многу чекори)
Царски гласник: „Вие луѓе од Назарет! Дојдете овде и слушнете ја заповедта на царот! Ќе се изврши попис. Секој граѓанин на земјата мора да се врати во своето родно место за да биде избројан. Тоа, се разбира, не е добра вест. Но, откога ќе бидете избројани, можете да се вратите овде. Почитувајте го законот! Запомнете: Царот е строг“.
Целиот Назарет бил вознемирен. Многу луѓе биле вознемирени. Заповедта на царот не се вклопувала во нивните планови, но се вклопувала во Божјиот план.
Дури и Марија и Јосиф требало да се подготват за тоа долго патување. Јосиф бил потомок на царот Давид, па поради тоа морал да се врати во Витлеем, неговото родно место.
Патувањето може да биде пријатно, но не кога треба да поминеш 180 километри пеш!
За Марија патувањето било особено тешко затоа што таа го очекувала нејзиното прво дете. Таа веќе знаела дека ќе биде мајка на Божјиот Син, затоа што ангел им ја соопштил оваа добра вест на двајцата: и на Марија и на Јосиф.
Исус, Спасителот на светот – тоа беше Божјиот добар план.
Патувањето до Витлеем изгледало како да нема крај. Тие патувале веќе пет дена. Марија и Јосиф не го планирале тоа за себе. Но тоа било дел од Божјиот план и затоа тие биле послушни.
Во Витлеем тие биле многу разочарани.
Гостилничар: „Нема ништо слободно. Сите соби се зафатени. Прашајте на друго место. Одете, овде нема соба за вас“.
Насекаде, на другите места вратите биле затворени за нив.
Најпосле нашле место во една штала.
Штала во Божјиот план.
И таму, среде ноќ, се случило чудо.
Се родил Исус. Марија го зела Исус, го завиткала во платно и го ставила во јасли.
Божјиот план бил остварен.
Замислете, 700 години пред да се случи ова, Бог ветил дека Месијата ќе се роди во Витлеем.
Бог толку многу го сакаше светот што го исполни Својот план и ни го даде Својот Син.
Улоги: Раскажувач, царски гласник, гостилничар.
© Copyright: CEF Germany